• Latest

Дерала: Имаме „конкурентни“, но не слободни и фер избори – системот е поставен да не се менува

May 5, 2026
Постизборна ноќ во Србија, 25 октомври 2025 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Србија: Студентската листа најавува декриминализација на државата во првите 100 дена

November 2, 2026

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Револуционерен модел

November 1, 2026

Подготвеноста спасува животи: Практичен водич за кризни ситуации

November 1, 2026

Кочани, корупција и бесмисленост: Начин на живот на територија што посакува да биде држава

November 1, 2026

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Дерала: Имаме „конкурентни“, но не слободни и фер избори – системот е поставен да не се менува

May 5, 2026 11:13
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во интервју за Trust.mk, новинарот Насер Селмани разговара со Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, за состојбата со изборните процеси во Северна Македонија. Во интервјуто се зборува и за нетранспарентно финансирање на политичките партии за време на изборните кампањи, како и недостигот од материјални и технички услови за ефикасна работа на Државната изборна комисија.

Дерала оценува дека земјата и понатаму нема слободни и фер избори, туку само „конкурентни“, како што ги квалификува ОБСЕ/ОДИХР.

Според него, причината зошто реформите на изборното законодавство постојано се одложуваат лежи во теснопартиските интереси.

„Се работи за ценкање. Обичен политички пазар е во прашање и потоа во последен момент се прифаќа само мал дел од препораките“, вели Дерала, потсетувајќи дека иако бил изработен обемен документ со усогласени решенија, парламентот усвоил само неколку измени.

Дерала објаснува дека формулацијата „конкурентни избори“ всушност е дипломатски начин да се избегне директна критика.

„Во дипломатијата и тоа што не е кажано кажува многу. Ние немаме слободни, фер и демократски избори“, нагласува Дерала, посочувајќи дека процесот е оптоварен со политичка и медиумска корупција, купување гласови и силни влијанија врз гласачкото тело.

„Изборниот процес станува скапа формалност, а резултатите често се ‘избоксувани’ уште пред гласањето“, додава тој.

Особен проблем, според Дерала, е недоследниот Изборен законик, кој со години се менува ад хок, без системска логика. „Имате ситуации каде нешто е забрането, но нема јасна санкција. Тоа остава простор секој да се однесува како што сака и да избегне одговорност“, вели тој, потенцирајќи дека и институциите често не постапуваат токму поради ваквите правни празнини.

Критиките се особено остри во однос на финансирањето на политичкото рекламирање.

„Тоа е озаконување на медиумската корупција. Системот ги корумпира медиумите со јавни пари“, вели Дерала, додавајќи дека на овој начин се задушува критичкото новинарство. „Кој уредник ќе критикува партија од која добива илјадници евра секои избори?“, прашува тој.

Во исто време, Државната изборна комисија, која треба да го спроведе процесот, нема доволно ресурси. „Имаме институција која треба да организира фер избори, а нема доволно луѓе, техника и средства“, вели Дерала, посочувајќи дека таа често е ставена во улога на „сметководител“ без вистинска контрола врз процесите.

Проблематична е и транспарентноста на партиските финансии. „Им се оставаат месеци за да ги објават извештаите – доволно време да се ‘средат’“, предупредува тој, додавајќи дека постојат сериозни сомнежи за присуство на „црни пари“ во изборните кампањи без соодветна институционална реакција.

Дополнително, системот за приговори е нефункционален, а граѓанските организации немаат формална можност нивните наоди да бидат процесирани.

„ДИК може да ги прими нашите наоди, но само како информација – не може да постапува по нив“, објаснува Дерала.

На крајот, тој заклучува дека суштинскиот проблем е отсуството на политичка волја. „Политичките елити не сакаат изборен систем усогласен со европските стандарди“, вели Дерала, оценувајќи дека без вистински реформи, земјата ќе продолжи да има избори кои се конкурентни, но не и демократски.

Б. Ј.


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ