Дерала, ЦИВИЛ: ЦИВИЛ е организација која го брани правото на глас на граѓанките и граѓаните на Република Македонија. Во таа смисла како организација за човекови права и слободи ЦИВИЛ се залага за излезност на граѓанките и граѓаните за да може да го искористат своето фундаментално право на глас. Она што подразбира тајност на гласањето, одлука на граѓанките и граѓаните, тоа е интересот на ЦИВИЛ. Нас не нѐ интересира, ниту имаме било каква намера да спроведуваме кампања за тоа дали тие треба да гласаат за или против.
ЦИВИЛ како организација за човекови права во одбрана на правото на глас се залага граѓанките и граѓаните да искористат правото на глас онака како што самите мислат, она како самите дека е најдобро и најкорисно за нив и за нивната држава.
Тоа што е важно за набљудувачите на ЦИВИЛ пред сè, меѓутоа и за целата јавност е дека ЦИВИЛ нема никаква потреба да се инволвира во било каква кампања, освен да спроведува граѓанска едукација за правото на глас.
Тоа што е важно за ЦИВИЛ е да видиме како функционираат институциите бидејќи уште еднаш ќе кажеме дека институциите на државата имаат уставна и законска обврска да обезбедат максимални услови за граѓанките и граѓаните да можат да го искористат своето право на глас било да е тоа во изборни процеси или на референдумот на 30 септември. Тоа е императивот и ние го бараме од институциите на државата.
ЦИВИЛ доколку имаше потреба или донесеше одлука Собранието на ЦИВИЛ да се инволвира во некој од кампањите можеше и тоа да го направи, но имајќи го предвид нашиот статут и програмски определби одлучивме да се задржиме во делот на надпартискиот, непристрасниот и неутралниот пристап и заради тоа се инволвираме и во мониторингот како и последните десет години. Затоа ЦИВИЛ има двојна улога, на некој начин е граѓански едукатор за правата на граѓанките и граѓаните во поглед на референдумското изјаснување, но исто така е и организација која според својот статут има овластување и мандат да се пријави како акредитиран набљудувач на референдумското изјаснување на овој изборен процес со огромно историско значење.
Тоа што е важно, исто така, и за набљудувачите, но и за сите граѓанки и граѓани да останат неутрални, непристрасни и секоја неправилност секој притисок или закана што ќе го видат во овој процес било да е тоа денеска во овој момент додека го гледаат видео или особено на денот на гласањето, тоа да го пријават на нашите телефони или на нашиот веб сајт кој се однесува токму на пријавите за нерегуларности на веб страницата Слободни избори.