• Latest

Дескоска: Измените на Законот спречување на корупција на јавна расправа

August 30, 2018
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дескоска: Измените на Законот спречување на корупција на јавна расправа

August 30, 2018 12:11
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Нов состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), менување на условите за именување претседател и членови на Комисијата, како и проширување на нејзините надлежности, се дел од измените и дополнувањата на Законот за спречување на корупцијата што од денеска е ставен на јавна расправа.

Основната цел на измените на Законот, како што посочи на денешната прес-конференција министерката за правда Рената Дескоска, е зајакнување на ефикасноста и независноста на ДКСК и постигнување поефикасна превенција и борба против корупцијата.

– Се воведуваат нови надлежности на ДКСК со кои се предвидува Комисијата да ја следи и утврдува законитоста на финансирањето на политичките партии. Во случај на постоење на сомневање за незаконито финансирање на политичка партија, ДКСК по сопствена иницијатива ќе презема мерки за утвдрување на фактичката состојба, истакна министерката за правда.

Следната надлежност на ДКСК, како што рече Дескоска, ќе биде контрола на финансиско-материјаното работење во предметите по кои постапува, по извештаите на Државниот завод за ревизија за контрола на постапките кои укажуваат на незаконитости во материјално-финансиското работење на буџетски корисници.

– Законските измени предвидуваат годишна контрола на имотната состојба на претседателот и членовите на ДКСК, а се проширува и кругот на лица чија имотна состојба ќе поднесуваат анкетен лист до оваа Комисија, појасни Дескоска.

Во контекст на тоа, министерката за правда додаде дека, покрај сите избрани и именувани, одговорни лица во јавни претпријатија, со озмените се предвидува и нотарите и извршителите да поднесуваат анкетен лист до ДКСК и УЈП и изјава за откажување од банкарска тајна.

Таа рече дека членовите на ДКСК во однос на финансиското работење подлежат на контрола од Државниот завод за ревизија, како и сите други институции.

Со законските измени се менуваат условите за именување претседател и членови на ДКСК, како и постапката за избор на Комисијата.

– Предвидено е ДКСК да биде составена од претседател и четири члена, кои ги именува Собранието на РМ со мандат од пет години, без право на повторен избор во наредните пет години, рече Дескоска.

Измените на Законот од денеска се ставени на јавна дебата, а следната недела, како што рече министерката Дескоска, ќе биде организирана и тркалезна маса, по што очекува што поскоро законот да биде пратен во Собранието на РМ.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со екстрадицијата на двајцата обвинети во случајот „Монструм“ од Косово, Дескоска рече дека минатата недела добиле барање од судот, кое не било комплетно и повторно го вратиле да се докомплетира со сите документи што се потребни.

– Штом ќе добиеме комплетна документација уште истиот ден ќе биде пратено барањето. Наш интерес е да овозможиме ефикасно одвивање на судските постпки што се водат пред судовите во Македонија, истакна министерката за правда. (МИА)

Tags: ДКСКзакониизмениМинистерство за правдарасправаРената ДескоскаСобрание на Република Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ