• Latest

Деспотовски: Ја почнуваме 2024-та со нова инвестиција која само за плати предвидува над 15 милиони евра годишно

January 2, 2024

Македонската психолошка опседнатост со Албанците

April 15, 2026
Андриј Сибига

Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

April 15, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

April 15, 2026

Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

April 15, 2026

Кој со Орбан тикви садел…

April 15, 2026
Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

April 15, 2026
Народно собрание на Бугарија (фото: Nikolai Karaneschev, CC BY 3.0)

Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

April 14, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

April 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

    🔴 ОРБАН ПАДНА: КРАЈ НА ЕДНА ЕРА

    95 наспроти 11: Драматичен пресврт во Унгарија – ТИСА доминира во изборните единици

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

    Орбан падна. Кој е следен?

    ЧУВАРИТЕ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (3): Ги испука ли Фидес сите куршуми?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ЕКОНОМИЈА

Деспотовски: Ја почнуваме 2024-та со нова инвестиција која само за плати предвидува над 15 милиони евра годишно

January 2, 2024 09:29
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Компанија од атрактивна технолошка дестинација од Југоисточна Азија е новата странска инвестиција со која Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) ќе ја почне 2024 година. Како што открива директорот на Дирекцијата Јован Деспотовски во интервју за МИА, инвестицијата ќе биде објавена утре, локацијата е ТИРЗ Скопје 1, а до крајот на инвестицискиот период само за плати предвидува над 15 милиони евра годишно.

Со оваа инвестиција, според Деспотовски, се отвора целосно ново поглавје во однос на типот и квалитетот на вложувањата, посебно од аспект на високи плати и ангажирање млади луѓе со високи квалификации. Компанијата има претставништва во повеќе земји низ светот и веќе вработува млади кадри од државава, но со договорот што е постигнат, бројката дваесеткратно ќе се зголеми.

Деспотовски зборува и за влезот на домашните компании во зоните – нешто што беше најавувано, но досега не се случи. Како што истакнува, од намерата нема да отстапи и во соработка со Меѓународната светска организација (ИФЦ) ќе ја турка работата „до крај“. Со оглед дека „структурите во системот не дозволиле овој успешен проект да се реализира“, Деспотовски ќе инсистира да се воведе систем на казнивост за непостапување на одредени институции. Не станува збор веќе за една, вели, туку за десет потенцијални инвестициски проекти на домашни компании што треба и ќе се случат.

Директорот ги сумира и резултатите од сработеното во 2023 година, но укажува и на значењето на платформата „Иднината почнува дома“.

Деспотовски во интервјуто се осврнува и на неговиот политички ангажман. Како член на СДСМ скоро 30 години, еден од поранешните кандидати за претседател на партијата и нејзин актуелен функционер, изразува длабоко уверување дека СДСМ ќе биде водечката политичка сила што ќе ја внесе државата во ЕУ во 2030 година, иако е апсолутно свесен, како што потенцира, за расположението меѓу граѓаните. Анкетите, истакнува Деспотовски, покажуваат дека граѓаните се уморни од ветувања и оправдувања, дека сакаат конкретни резултати кои ним лично ќе им го променат секојдневниот живот. – Мора да си ги признаеме грешките, дел и во кадровската политика, поради што сега во фокусот не треба да ни биде кој со кого ќе коалицира, туку кои ни се клучните вредности и принципи, да креираме мерлива програма со рокови и да видиме кои ќе бидат лицата што ќе застанат зад тој тип програма, подвлекува Деспотовски.

Директоре, најавувате нова инвестиција која треба да биде објавена веќе утре. Може ли да ни откриете за што станува збор?

И оваа година ја почнуваме со нова инвестиција. Со неа отвораме едно целосно ново поглавје во типот и квалитетот на инвестициите кои доаѓаа во земјава, посебно од аспект на високи плати и ангажманот на млади луѓе со високи квалификации. Инвестицијата доаѓа од атрактивна технолошка дестинација од Југоисточна Азија и веќе вработува млади луѓе во државата, а со договорот што го постигнавме бројката ќе се зголеми дваесеткратно.

Да, инвестицијата ќе биде објавена утре, а локацијата е ТИРЗ Скопје 1. Предвидено е до крајот на инвестицискиот период само за плати да се вложат над 15 милиони евра годишно.

Засега можам само толку да откријам. Повеќе детали ќе соопштиме утре, 3 јануари, кога планираме да биде и официјалното објавување.

Што е со домашните компании? Најавивте влез на македонска компанија, но се уште не ја видовме…

Вината ја гледам лично кај себе. Доброто домашно воспитување не ми дозволува да бидам доволно безобразен и да го извадам целиот „валкан веш“ во јавност, поврзан со структирите во системот кои не дозволија овој успешен проект да се случи. И од ова место ќе порачам дека немам намера да се откажам. Во соработка со сериозна меѓународна организација, Меѓународната светска организација (ИФЦ), ќе работиме ова да се реализира. И овојпат не станува збор за една, туку за десет потенцијални инвестициски проекти на домашни компании што треба и ќе се случат.

Сакам да нагласам и дека, и во овој и во кој било друг иден политички капацитет што ќе го имам, нема да дозволам околности во кои институции и структури во институцииите практикуваат застарени политики, а не го следат законот. И заради ова ќе инсистирам да се воведе систем на казнивост за непостапување на одредени институции, бидејќи штетата што се прави врз буџетот, во конкретниов случај е милионска, а тоа е директна штета врз џебот на граѓаните.

Неодамна, на брифинг со новинарите, ги сумиравте бројките од 2023 година. На што беше ставен фокусот изминатите 12 месеци и каков е резултатот?

Изминатава, 2023 година помина во знакот на најголемата странска гринфилд инвестиција од осамостојувањето на државата. Го донесовме тајванскиот гигант „Јагео“ со договор вреден 205 милиони евра. Покажавме дека со мудар пристап и мала земја како Македонија, може да се биде сериозен играч во привлекување инвестиции.

Годината ја почнавме со нова инвестиција од 40 милиони евра на канадската „Магна мехатроникс“, а ја завршуваме со постигнати договори од над 480 милиони евра кои носат преку 7 000 нови работни места од кои дел веќе се реализираат.

Ефектот од странските инвестиции и директните придобивки за граѓаните се најважни и тоа е главен приоритет по кој се водиме. Ако во 2016 година просечната плата била над 19 000 денари, годинава очекуваме просечна нето плата од речиси 40 000 денари што е раст од 92 отсто за само шест години. Бројот на работници во зоните се искачи на речиси 18 000 што е два пати повеќе споредено со 6 000 во 2016 година. Исто така, ако во 2016 година сме имале 650 милиони евра инвестиции, сега сме на две милијарди постигнати инвестициски договори. Имаме континуиран раст на уплатите во буџетот од компаниите кој годинава се очекува да биде околу 70 милиони евра што е седум пати повеќе споредено со периодот од пред шест години.

Успеавме да покажеме пред светот дека Македонија веќе не е земја на евтина работна сила. Трудот на македонските работници мора да се плати. Особено сум горд што веќе две години по ред имаме раст на платите. Првичните анализи покажуваат раст на платите од најмалку 20 отсто кај компаниите во зоните споредено со лани, но и дека ќе бидат над државниот просек. Затоа, за мене е најголем успех тоа што успеавме да наметнеме повисоките плати за нашите сограѓани да бидат клучен сегмент во инвестициските планови на идните странски инвеститори со што дефинитивно го напуштивме концептот на евтина работна сила.

Свесни сме дека постои проблем со кадар кој им е потребен на компаниите не е само кај нас. Свесни сме дека мора да работиме за да ги задржиме младите дома, поради што и вложуваме во технолошки напредни компании кои ќе им понудат можности за работа и каде ќе може да го капитализираат интелектуалниот потенцијал. Вложуваме и во програми за обука. Неколку компании веќе ја користат мерката што ја воведовме минатата година, со која државата им покрива до 50 проценти од трошоците за обука или доедукација на соодветен кадар.

Со Стопанската комора почнавте нов концепт и соработка под мотото „Иднината почнува дома“…

Една од првите работи кои си ги поставив пред три години, беше да обезбедиме добро платени работни места за нашите сограѓани и креирање можности особено за младите да напредуваат овде, дома. Целта што си ја поставивме во ТИРЗ за европски и добро платени работни места веќе ја постигнуваме. И не сакаме да бидеме себични, сакаме тој придонес да го дадеме на ниво на целото општество. Оттука произлезе идејата за оваа платформа, чија цел е да промовира млади визионери, креатори, двигатели на идните промени.

Целта на иницијативата е веќе успешни млади да ги мотивираат младите. Сите наши успешни и креативни млади поединци треба да служат како движечка сила во нашето општество. Мора да им се даде шанса овде дома да ги градат своите кариери, а ние треба да се потрудиме и да вложиме максимални напори за да им понудиме иднина дома, а не живот спакуван во куфери.

Во овој проект се вклучени млади успешни луѓе од различни сфери – од домашни компании, од компании во ТИРЗ, како и средношколци и студенти. Партнер во проектот ни е Стопанската комора, ја имаме и поддршката од претседателот на државата, но очекувам сите останати институции и партнери да се вклучат и да продолжат заеднички со нас во реализација на една заедничка цел – да го намалиме трендот на иселување, да ги убедиме младите дека иднината почнува дома.

Целта на овој проект е да не зборуваме за политика, ниту што сме направиле ние. Целта е младите да зборуваат за младите. Кампањата почнува сега и нема да има крај – ќе трае се додека не ја постигнеме целта, а тоа е не кога ќе го запреме трендот на раселување, туку кога ќе го вратиме и последниот човек што се иселил.

Ова е потсетник дека нашиот иден успех како земја лежи во нашите сопствени граници, а овие млади луѓе и уште низа примери како нив, ни покажуваат дека можеме и ќе успееме, овде дома. Јас сум татко на три деца и сакам на моите деца иднината навистина да им почне дома, и им почнува дома. Така треба да е за сите деца во оваа држава.

Освен што сте директор на Дирекцијата на ТИРЗ, активен член сте и на владејачката СДСМ. Не очекуваат избори напролет, па оттука, неизбежно е прашањето – како ги оценувате актуелните и претстоjните политички случувања?

Јас сум член на СДСМ скоро 30 години. И ако денеска ме прашате, можам да кажам дека ми е чест што сум дел од таа партија и во периоди кога се носеле одлуки клучни за државата, почнувајќи од референдумот за осамостојување, гласањето за првиот Устав на независна Македонија, справувањето со конфликтот во 2001 година, кандидатскиот статус во 2005-та, членството во НАТО во 2018-та.

Длабоко верувам дека СДСМ ќе биде водечката политичка сила што ќе ја внесе државата и во ЕУ во 2030 година. Апсолутно сум свесен за моменталното расположение меѓу нашите сограѓани кое во голема мера го разбирам и го оправдувам. Во овие шест години многу работи успешно завршивме, но останаа доста работи на кои не се посвети внимание, односно каде недостасуваат резултати видливи за граѓаните. Во прв ред владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Исто така сум свесен за ризиците кои постојат во однос на меѓунационалните односи, а се поврзани со создадениот впечаток за одредена доминација во рамки на актуелната владејачка коалиција. Од мое искуство можам да кажам дека односите со поголемиот дел носители на јавни функции од нашиот коалициски партнер не само што се коректни, туку базираат на заемно почитување и разбирање. Но, факт е дека впечатокот кај јавноста постои и сметам дека се должи на не секогаш доволниот приказ на ангажман и на сработеното на носителите на јавни функции избрани од СДСМ. И ова мора да се промени. Не само заради менување на впечатокот, туку и заради целосно почитување на принципот на транспарентност и отчетност во работењето.

Анкетите покажуваат дека граѓаните се уморни од ветувања и оправдувања, дека сакаат конкретни резултати кои ним лично ќе им го променат секојдневниот живот. Мора да си ги признаеме грешките, дел и во кадровската политика, поради што сега во фокусот треба да ни биде, не кој со кого ќе коалицира, туку кои ни се клучните вредности и принципи, да креираме мерлива програма со рокови, како и да видиме кои ќе бидат лицата што ќе застанат зад тој тип програма.

Крајно време е да воведеме меритократија и да почнеме да ги ставаме способните и вистинските луѓе на правите места. Играјќи си големи лидери и спроведувајќи ја намерно стратегијата „раздели па владеј“, ги донесовме државата и сите институции во насока да немаат доверба кај граѓаните, со незадоволство од јавните услуги, да бидат место на оние кои не сакаат да напредуваат и да работат во интерес на граѓаните, да бидат место за партиски или штапски вработувања.

Мојот личен став е дека треба да воведеме концепт на одговорен политичар, што испорачува конкретни резултати. Знам дека на овие простори овие два збора речиси и не одат во една реченица, но, според мене, во моментов е најважно да зборуваме како да стигнеме до одговорни политичари. Треба да го смениме пристапот во изборот на луѓе, особено за клучните функции. Тоа беше и дел од „Концепт 28“ што како програма го понудив на последните внатрепартиски избори за избор на претседател. Прво, да дефинираме какви луѓе се потребни, со какви карактеристики, образование, искуство, па потоа да разговараме кој може да ги преземе тие одговорности и политики и да ги спроведе. И притоа треба да излегуваме и од границите на партијата, па и на државата и да размислуваме широко.

Во таа смисла, СДСМ треба повторно да го иницира градењето консензус со најголемата опозициска партија по клучни прашања од интерес за државата и граѓаните. И тука не мислам само за уставните измени, туку и за се што следи понатаму од аспект на клучните процеси. Впрочем, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се двете најголеми партии во Македонија и како такви мора да го носат најголемиот дел од одговорноста за иднината на државата.

Мирјана Чакарова

фото: Фросина Насковиќ / МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ