Девет лица загинаа, а 17 се повредени во руски ракетен напад вечерва во украинската област Запорижја, соопшти гувернерот на регионот Иван Федоров преку „Телеграм“.
Според најновите информации, меѓу повредените се и две деца, додаде гувернерот. Претходно, тој информираше за шестмина повредени.
Нападот предизвика значителни штети на станбени објекти и продавници. Воздушната тревога беше прогласена во 17:32 часот, а експлозиите се случија во 17:58 часот по локално време.
Како резултат на нападот, избувнал пожар во погодената цел, информира гувернерот.
И претседателот на Украина Володимир Зеленски реагираше на руските напади на Запорижја и Кривји Рих..
„Зборовите на Русија не значат ништо, но нејзините бомби и проектили зборуваат многу. Вечерта на денот на Свети Никола, воздушни бомби во Запорижја директно погодија сервис, автомобили со луѓе внатре. Засега се знае дека четири лица се ранети и Трагично, на списокот на загинати има девет имиња 17 луѓе повредени. А ова се само два руски напади врз два украински града во еден ден“, истакна шефот на државата“, објави Зеленски на Телеграм.
Тој нагласи дека од илјадниците такви напади што Русија ги извршила од почетокот на нејзината целосна инвазија, јасно е дека Путин бара насилство, а не мир.
„Путин не бара вистински мир – тој сака да се однесува на која било земја на овој начин, со бомби, проектили и сите други форми на насилство. Само преку сила можеме да се спротивставиме на ова. И само преку сила може да се воспостави вистински мир“. – нагласи Зеленски.
Како што е соопштено, на 6 декември околу 18 часот, руската војска изврши воздушен напад врз една од областите на Запорижја. Прелиминарните информации говорат дека загинале девет лица, меѓу повредените има деца на возраст од четири и 11 години.
Истата вечер, руските сили го нападнаа и Криви Рих, гранатирајќи ја административна зграда. Бројот на жртвите од нападот во Кривји Рих се искачи на 16, едно повредено лице почина во болница, пренесува Укринформ.
Ј. Ѓ.