„Јас многу ги сакам револуциите. Ги сметам за интересен историски, цивилизациски, општествен и човечки феномен. Меѓутоа, секоја револуција носи и многу неправди и големи опасности да се претвори во тоа против што и се случила. Ако погледнеме низ светот, повеќето од нив стануваат спротивност од она против што се бореле. Што се однесува до новинарите, до новинарството воопшто, ние не сме огласна табла. Ние сме општествено одговорни, лица што треба да го искажат својот став и да го презентираат за да можат луѓето да се идентификуваат, да поддржат или да се спротивстават“.
Изјави Дерала во интервјуто за Слободна ТВ објавено на 22 Декември 2022.