• Latest
Џабир Дерала / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

(ВИДЕО) Џабир Мемеди Дерала: Шарената револуција е преседан во светски рамки

December 22, 2022

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

(ВИДЕО) Џабир Мемеди Дерала: Шарената револуција е преседан во светски рамки

December 22, 2022 09:53
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Џабир Дерала / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Џабир Дерала / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Share on FacebookShare on Twitter

Што се однесува до анкетата на ИРИ, таа навистина не ме шокираше со ништо. Во тренд се анализите на анкетите секаде во светот, кои во последниве години бележат и многу сериозни критики. Пред сè, затоа што во неколку клучни моменти во светското политичко секојдневие покажаа еден неуспех да го отсликаат пулсот, да го прикажат вистинското расположение на јавноста. На пример, погрешно проценија за тоа еден или друг кандидат за претседател ќе ја освои власта во САД, сосема погрешно прогнозираа и во процесот поврзан со брегзитот во Велика Британија и низа други големи неуспеси доживуваат многу сериозни куќи што се занимаваат со истражувања на јавното мислење“, вели претседателот на Цивил, Џабир Мемеди Дерала.

„Повеќе или помалку, прашањата во анкетата на ИРИ се добро формулирани, добро поставени, верувам дека таа организација максимално професионално ја изработила анкетата, но да имаме предвид и уште нешто, анкетите се една работа, меѓутоа нивното толкување во јавноста е сосема друга работа, особено затоа што анкетите од алатка да го отсликаат расположението во јавноста, станаа пропагандна алатка. Станува збор за тоа дека секоја анкета може да се употреби на овој или на оној начин, а во зависност од тоа кој центар на моќта како ќе ја искористи и тоа е дополнителниот ризик со кој се соочуваат центрите за истражување на јавното мислење“.

Во интервјуто за Слободна ТВ, еден од најпродуктивните македонски новинари, уредник, поет, писател, невладин активист и борец за мир, еднаквост, соживот, човекови права, Џабир Дерала, зборува и за дводеценискиот од на престижната Цивил и Цивил медиа.

„Цивил медиа.мк е дел од медиумската платформа на невладината Цивил. Најпроминентен е Цивил медиа, тука практично има неколку други портали, располага со сет свои страници на македонски, на албански, на англиски јазик. Тие се обраќаат на различна публика што зборува на различни јазици. Тука е и сè повеќе читаниот портал Грин Цивил.мк, кој се занимава со „зелени“ прашања. Самата медиумска платформа Цивил не е комерцијална. Таа се обраќа до публиката и со намера да едуцира, да биде општествено одговорна и да претставува платформа за општествен и политички дијалог“.

Дерала зборува и за мотивот Цивил да ја отвори и портал страницата на украински јазик „Борбата на Украина“, за глобалните опасности и последици од руската инвазија врз Украина, опстојот на Иницијативата Отворен Балкан, како и за актуелната македонска состојба обременета со корупција, за новинарството, за македонските општествени и политички состојби, за песимизмот и оптимизмот. На прашањето дали ќе нè биде, вели дека ако не верува во тоа, не би бил овде. Во интервјуто за Слободна ТВ Џабир Мемеди Дерала зборува и за Шарената револуција,а по нешто и за себе, за своето новинарско, но и уметничко  творештво.

„Јас многу ги сакам револуциите. Ги сметам за интересен историски, цивилизациски, општествен и човечки феномен. Меѓутоа, секоја револуција носи и многу неправди и големи опасности да се претвори во тоа против што и се случила. Ако погледнеме низ светот, повеќето од нив стануваат спротивност од она против што се бореле. Што се однесува до новинарите, до новинарството воопшто, ние не сме огласна табла. Ние сме општествено одговорни, лица што треба да го искажат својот став и да го презентираат за да можат луѓето да се идентификуваат, да поддржат или да се спротивстават“.

Медиумите воопшто – вели Дерала – се под силен притисок. Западнати се во тешки проблеми. Не се работи само за финансиски, тие се евидентни, и затоа смета дека институциите и општествено одговорните компании треба што поскоро нешто да направат за да им помогнат на медиумите да го изградат својот професионален капацитет, но и својот  професионален интегритет.

Извор: Слободенпечат.мк

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ