• Latest

ДИК ги проверува поднесените кандидатури, пристигна серверот за отпечатоци , партиите продолжија со меѓусебни обвинувања

September 13, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

ДИК ги проверува поднесените кандидатури, пристигна серверот за отпечатоци , партиите продолжија со меѓусебни обвинувања

September 13, 2021 23:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

И втората половина од  денешната  предизборна хроника продолжи во духот на претпладневната намалена изборна активност. Во отсуство на конкретни изборни активности на партиите, независните кандидати и групи избирачи,  политичките партии го исполнија денот со меѓусебни обвинувања за трагедијата во Тетово. Во Државната изборна комисија (ДИК) денеска пристигна серверот потребен за полнење на системот за отпечатоци од прст, истовремено во ДИК се прегледуваат проднесените кандидатски листи за градоначалници и членови на совети за локалните избори закажани за 17 октомври, ЦИВИЛ го објави роковникот со сите поважни рокови до крајот на изборниот процес.

ВЕРИФИКАЦИЈА НА КАНДИДАТУРИТЕ

Во ДИК се врши верификација на поднесените кандидатури за вкупно 297 кандидати за градоначалници и 546 листи за советници кои ќе се вклучат во изборна трка во 80 општини и Град Скопје на локалните избори, закажани за 17 октомври.

ТЕРМИНАЛИ ЗА ОТПЕЧАТОЦИ

Во Државната изборна комисија (ДИК) денеска пристигна серверот со 10 станици за полнење на терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти со податоци од гласачите што ќе биде поврзан со главниот сервер на ДИК и ќе биде тестиран во наредните денови.

ПАРТИСКО ПРЕПУКУВАЊЕ

И денеска продолжува партиското препукување околу оставката на министерот за здравство Венко Филипче, по трагедијата во тетовската болница каде во пожар загинаа 14 лица.

РОКОВНИК

Сите поважни рокови до крајот на изборниот процес на едно место се собрани во роковникот што го објави и ЦИВИЛ. Роковникот содржи податоци за тоа кога најдоцна треба да се поднесуваат кандидатските листи, финансиските и други извештаи, кога се гласа, кои се роковите за објавување на резултатите од изборите и многу други фази, настани и активности во текот на изборниот процес.

МОНИТОРИНГ

ИЗБОРЕН МОНИТОРИНГ Во тек е повикот за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Заинтересираните можат да се пријавуваат по пат на едноставна онлајн апликација до 30 септември. На медиумската платформа на организацијата достапни се и одговори на најчесто поставуваните прашања. Во овој период се спроведува и долгорочен изборен мониторинг, кој беше интензивиран од 15 август.

ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА ЦИВИЛ спроведува и долгорочен мониторинг на дезинформациите и говорот на омразата. Како и во низа други области, тоа се прави во блиска соработка со граѓанките и граѓаните. Меѓу другото, достапна е и Граѓанската пријава на која може да се пријавуваат случаи на дезинформации и говор на омраза, но и кршење на човековите права, корупција, дискриминација и низа други негативни појави во општеството.

ПРИЈАВА НА ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ За време на изборниот процес, на располагање е и веб страницата Слободни избори со онлајн формулар за пријава на изборни нерегуларности.

ПОТСЕТНИК: ЦИВИЛ ГИ ПОВИКА СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ И НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ ДА ЈА ИСПРАЌААТ ИНФОРМАЦИИ ЗА АКТИВНОСТИТЕ

Во рамките на својот долгорочен изборен мониторинг, ЦИВИЛ и Редакцијата при медиумската платформа, редовно ги бележат настаните на различните учесници во изборната трка. Организацијата неодамна ги повика политичките партии и независните кандидати редовно да ја известуваат организацијата и нејзината медиумска платформа за своите активности. Дел од учесниците во изборната трка сè уште не одговорија на повикот.

Д.Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ