• Latest

ДИК обвинета за соучесник во изборните криминали на СДСМ

October 21, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДИК обвинета за соучесник во изборните криминали на СДСМ

October 21, 2017 17:33
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„СДСМ ги организираше најнедемократските избори во историјата на независна Македонија. Целата изборна кампања помина во светло на изборен поткуп, уцена и закани врз гласачите, додека во текот на изборниот ден беше спроведен т.н. бугарски воз, со што кутиите беа полнети со гласачки ливчиња однапред заокружени за СДСМ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе го искористи правото на жалба пред Уставниот суд, откако сите 40 приговори за изборни нерегуларности беа одбиени од Државната изборна комисија.

Од партијата соопштуваат дека и покрај бројните докази со кои располагаат, вклучувајќи ги и оние што се објавени во медиумите, ДИК ги одби сите нивни приговори и на тој начин стана соучесник во „прикривање на изборните криминали на СДСМ“.

„Медиумите веќе објавија докази за бугарски воз и како тој бил спроведен, беа објавени докази за спроведен бугарски воз во Карпош, Охрид, Велес, Струмица, Гевгелија, Берово и Делчево, а пронајдени се две гласачки ливчиња со ист сериски број во Ресен“, стои во соопштението.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да  дозволи некој да ја уништува демократијата и правната држава во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува ОБСЕ и ОДИХР да ги нотираат овие очевидни криминали, да застанат на страна на демократијата, правото на глас и слободата како врвни вредности на цивилизираниот свет, да ги осудат и санкционираат ваквите криминали“, соопштуваат од опозицијата.

Исто така, ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение до јавноста и предупредуваат дека, со враќањето на демократијата и правната држава, сите прекршители на законот ќе одговараат за штета нанесена врз граѓаните и сите ќе бидат казнети што учествувале во изборниот криминал.

Од СДСМ, уште вчера побараа ВМРО-ДПМНЕ да се помири со фактот дека изгубија и да го признаат изборниот пораз.

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да функционира во регуларни услови и продолжува да бара оправдувања за убедливиот пораз. Резултатите јасно покажаа каква е вистинската избирачка волја кога граѓаните гласаат слободно и без притисоци“ се вели во соопштението на СДСМ.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги оцени изборите како слободни, но укажа на фактот дека постоеја голем број нерегуларности. Како што најавуваат во организацијата која ужива исклучително висока доверба на национално и меѓународно ниво, идната недела ќе презентираат низа нови аспекти и случаи кои се однесуваат на спроведувањето на изборниот процес.

 

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО - ДПМНЕДИКжалбилокални избориобвинувањаСДСМУставен суд
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result