• Latest

ДИК одлучува дали ќе ги прифати приговорите на СДСМ и на Беса!

December 14, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДИК одлучува дали ќе ги прифати приговорите на СДСМ и на Беса!

December 14, 2016 14:58
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Најдоцна до четврток на полноќ, т.е. во рок од 48 часа по приемот, Државната изборна комисија треба да излезе со официјален став во однос на 16-те приговори, коишто ги доставија СДСМ и Беса, по осум од двете страни. Очите на јавноста се свртени кон ова тело, особено откако ДИК не ги соопшти резултатите ни во законскиот рок од 24 часа по завршување на гласањето, што предизвика простор за сомнеж и кај партиципиентите на изборниот процес, но и кај граѓаните.

Доколку одлуките на ДИК, за секој приговор подинечно се и натаму спорни за поднесувачите, тогаш тие имаат право на тужба до Управниот суд и тоа во законски рок од 24 часа по добивање на одлуките.

Според ВМРО-ДПМНЕ, нема основ за приговори, а изборните резултати се „кристално чисти“. За СДСМ пак, има недоследности во запишувањето и евидентирањето на гласовите во Шестата изборна единица. Проценките на СДСМ се дека по разгледување на приговорите, СДСМ и коалицијата ќе добијат уште едно пратеничко место во оваа единица. Приговорите на Беса се однесуваат на Втората изборна единица, и според нивните проценки, тие би добиле најмалку едно, а можеби и две пратенички места повеќе.

Според ЦИВИЛ-Центар за слобода, од досега обработените податоци, во 537 случаи се евидентирани разни изборни нерегуларности: закани, уцени, притисоци, злоупотреби, насилство, незаконско однесување на членови на избирачки одбори, опструкции на работата на набљудувачите, поткуп на гласачи, проблеми со Избирачкиот список, промени на избирачко место, семејно и групно гласање…

ЦИВИЛ досега идентификуваше 30 избирачки места, во кои треба да се изврши прегласување, а во 7 од нив, има сериозни индикации дека „гласале“ и починати лица и „фантоми“.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БесаВМРО-ДПМНЕДИКизбориизбори 2016нерегуларностиСДСМЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result