• Latest

ДИК: „Спорните“ да се информираат за причините поради кои се нашле на листата!

August 4, 2016
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

ДИК: „Спорните“ да се информираат за причините поради кои се нашле на листата!

August 4, 2016 17:31
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

По објавувањето на јавната кампања, со која Државната изборна комисија, ги повикува граѓанките и граѓаните да се пријават, доколку забележат дека се на листата на спорни гласачи, бројот на пријави се зголеми за само 336, односно од 1.224 пријави кои пристигнаа до вчера, денес таа бројка изнесува 1.560. Тоа значи дека, резултатите од едукативната кампања на ДИК се уште не се видливи и продолжува малиот одзив на пријави

Доколку пријавувањето продолжи со ова темпо, потребни ќе бидат повеќе од 100 дена, за пријавување на сите спорни гласачи. Најголем број пријавени до денеска има во општините Чаир, Тетово, Центар, Аеродром, Кичево и Гостивар. Од подрачните единици на ДИК (Прилеп, Чаир, Гевгелија), со кои ЦИВИЛ Медиа се обиде да стапи во контакт, велат дека информации за тоа како тече процесот на пријавување на спорни гласачи, според упатството за работа кое им е испратено, може да се добие само од ДИК во Скопје.

Тоа што од денеска е новост е воведување на посебна категорија каде се наведува причината поради која некое лице е дел од листата на спорни гласачи. Се работи за 21 различна причина, коишто треба да бидат објаснувања зошто некој се наоѓа на таа листа.

сфд

Како што ЦИВИЛ – Центар за слобода објави вчера, уредникот на ЦИВИЛ Медиа, Синиша Станковиќ, е дел од таа листа, а од денеска како објаснување, ДИК наведува дека тој своето место и без претходна теренска проверка на неговата адреса, го заслужил по два основа. „Да се најдат избирачи по станови (т.е. адреси со број на станови кои не се празни) со повеќе од 3 варијации на презимиња на секоја адреса (машки/женски варијанти се третираат како исти), и каде има друг гласач со друго презиме на истата адреса чија возраст е различна за 10- 15 години“ се причините кои се наведени.

До 19-ти август, како краен рок за пријавување на спорните гласачи, остануваат уште само две недели. ЦИВИЛ ги повика сите граѓан(к)и да ја извршат својата граѓанска должност, да проверат дали се дел од новата листа и ако тоа е случај – да се пријават, за да придонесат кон пречистувањето на Избирачкиот список и кон обезбедувањето услови за фер и демократски избори.

Сепак, досегашното искуство, кое говори за недоследностите, најпрво во Избирачкиот список, потоа во теренската проверка, а сега и во листата на спорни гласачи, остава простор за сериозен сомнеж дека, ова е вистинскиот начин за прочистување на Избирачкиот список.

Марија Теговска

Tags: ДИКјавна кампањаМакедонијатеренска проверкафантомиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ