• Latest

ДИК усвои извештаи, правилници и прирачници за локалните избори

August 5, 2017

Партијата на Додик ја отфрла пресудата на Судот на Босна и Херцеговина, повикува на „влада на национално единство“

August 5, 2025
Богојески „му држи грб“ на Мицкоски додека го осудува националистичко скандирање на дел од навивачите во Куманово

Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

August 5, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Спортот заложник на национализмот

August 5, 2025
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
Фото: Фејсбук

Сиљановска-Давкова за натпреварот во Куманово: Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, па и себеси

August 5, 2025

Хрватска денеска ја одбележува 30-годишнината од операцијата „Бура“(Олуја) со централен настан во Книн

August 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија и Франција ќе го ратификуваат договорот за враќање на мигрантите

August 5, 2025

Вицепремиерот Стоилковиќ одговори, но не на прашањата од ЦИВИЛ

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДИК усвои извештаи, правилници и прирачници за локалните избори

August 5, 2017 12:39
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На вчерашната седница на Државната изборна комисија е усвоен и Проектот за проверка и проценка на пристапноста на избирачките места за лица со попреченост.

ДИК на седницата ги усвои и прирачниците за едукација на општинските изборни комисии и избирачките одбори, извештаите од спроведената функционална анализа во ДИК, Извештајот за институционална проценка на подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, Предлог–правилникот за внатрешна организација и делокруг на работата на стручната служба на ДИК, како и Предлог-правилникот за систематизација на работните места во Стручната служба на ДИК.

ЦИВИЛ – Центар за слобода најави дека во текот на идната недела ќе излезе во јавноста со анализи на условите за одржување на локални избори, на Избирачкиот список и на други аспекти на овој процес.

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ на трибината „Имплементација на мерките од Планот 3-6-9 во делот на изборите“ на 28 јули, презентираше дел од препораките на организацијата, подготвени од правничката Сандра Гавриловска, членка на експертскиот тим на ЦИВИЛ, пред претставниците на ДИК и на останатите институции надлежни за спроведување на изборите.

Инаку, на вчерашната седница на ДИК е усвоен и Проектот за проверка и проценка на пристапноста на избирачките места за лица со попреченост, прв проект од ваков тип што ДИК ќе го реализира. Проектот е иницијатива на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово.

Во интервју за ЦИВИЛ Медиа, проектниот координатор на здружението, Елена Чекорова, потецнираше дека по 8 месеци барање средба, ДИК им одговорила позитивно, со ветување дека дел од нивното истражување „Пристапни избори“ (Мониторинг на учеството на лицата со попреченост во политичкиот и изборниот процес во Македонија), ќе биде имплементиран од Комисијата.

„Во соработка со ‘Инклузива’, на наша иницијатива, покрената од нашето истражување, ДИК организираше неколку работни состаноци на кои што се вклучија и други невладини организации. На нив дискутиравме како може да се промени ситуацијата во краткиот период пред локалните избори“, изјави Чекорова за ЦИВИЛ Медиа.

Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДИКЕлена Чекоровалица со попреченостлокални изборипрепоракиСандра ГавриловскасединцаЦивилЏабир Дерала
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ