• Latest

Димитров: ЕУ мора да ја потврди европската иднина на Македонија

November 13, 2017

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: ЕУ мора да ја потврди европската иднина на Македонија

November 13, 2017 12:35
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Успеавме да се вратиме на нашата европска патека, а ЕУ успеа да го возобнови политичкото внимание на Балканот. ЕУ има одговорност да ја потврди нашата европска иднина, а ние сме одговорни за судбината на тој пат, порача министерот за надворешни работи Никола Димитров на работниот појадок со министрите за надворешни прашања на земјите од ЕУ во Брисел, јавува МИА. 
Постоењето на магичната фраза – политичка волја, реформската ориентираност и поддршката од нашите европски пријатели, потенцира министерот Димитров, се клучни за запечатување на европската иднина на Македонија.

„Ние имаме втора шанса да успееме, а нашите пријатели од Брисел имаат шанса да ги убедат скептиците во успешноста на пристапниот процес“, рече Димитров.

Работниот појадок во неформалем формат – Пријатели на Македонија е во организација на министрите за надворешни работи на Бугарија и на Шведска, а покрај Димитров на средбата учествуваше и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Информирајќи за досегашниот напредок во спроведувањето на реформите, како и за плановите на Владата и очекувањата во наредниот период, Димитров и Османи ја истакнаа потребата за поддршка од страна на земјите-членки и институциите на ЕУ за постигнување на долгоочекуваната цел – што поскоро отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Дискусиите на работниот појадок, како што соопштија од МНР, биле фокусирани на перспективите на Република Македонија во контекст на отпочнувањето на пристапните  преговори за членство во ЕУ, како и заложбите на Владата за постигнување на суштински напредок во имплементацијата на реформите и унапредувањето на добрососедските односи.

Димитров и Османи изразија благодарност на домаќините за организирање на состанокот, со кој, како што се соочиле, се овозможува директно информирање на земјите-членки за внатрешниот развој на настани во Македонија, пет месеци по формирањето на Владата.

Како клучни моменти од суштинско значење за Македонија во претстојниот период биле подвлечени објавувањето на Стратегијата на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер за ЕУ перспективите на Западен Балкан која треба да биде објавена во февруари 2018 година, Извештајот на ЕК за напредокот во април 2018 и Самитот ЕУ – Западен Балкан во Софија за време на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ, во мај 2018 година.

На работниот појадок присуствуваа комесарот Хан и сите земји членки, од кои 13 на ниво на министри за надворешни работи.

Во рамки на посетата на Брисел, денеска министерот Димитров ќе има и билатерални средби со министрите за надворешни работи на Велика Британија, Португалија и на Грција.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: БриселЕУМНРНикола Димитровпосетаработен појадок
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ