Организацијата на настанот и изборот на проф. Тања Каракамиѓева како панелистка на истиот од страна на UN Women Skopje предизвира остри реакции кај активистите за човекови права и родова еднаквост во земјава.
Активистот за човекови права Славчо Димитров во објава на Фејсбук реагира на организација на настанот и изборот на проф. Каракамишева, што според него, е брука од епски размери.
Канцеларијата на UN Women Skopje организираат панел во партнерство со Правниот факултет на УКИМ, по повод 8ми март, чијашто цел била да разговараат за родовата еднаквост, за Истанбулската конвенција, нејзината имплементација, во контект на евроинтеграциите. И на таа дебата, агенцијата се сложила со Факултетот главна панелистка да им биде проф. Тања Каракамишева,
Истата таа којашто, на страна историјата на хомофобија и националистичко труење, учествува како “интелектуален“ глас на настаните на анти-родовите анти-демократски про-фашистички движења, јавно давајќи им совети како да ја укинат Истанбулската конвенција во Македонија.
На истиот тој “авторитет“ му дале дополнителна платформа, од таа позиција, да ги труе и студентите коишто ќе ја слушаат, и да ги осакатува сите долгогодишни напори против родовото насилство и за родовата еднаквост.
Па јас разбирам дека се заглавени во бирократија и празен легализам, ама дајте бре малку осет! Ај што со децении тотално деполитизирано квазифеминистичко делување ги создадовте условите за антиродовите актери, ама дека и на маса ги седнувате денес, е тоа стварно е брука од епски размери.
Д. Мишев











































