„Јас растев во една држава каде што не знаевме што е национализам, и за мене не постои и не го гледам. Работам во една организација каде се сите националности вклучени, како членови во организацијата, кои се со иста мака, со исти проблеми, а најмалку меѓуетнички поделби“ вели Благица Димитровска, од здружението „Инклузива“.
Благица вели дека во нивното здружение „Инклузива“ како членови се вклучени сите националности кои делат исти маки и исти проблеми, и дека кај нив нема никакви проблеми, како оние кои се актуелни.
„Не мора човек да биде погоден од некоја несреќа за да биде соединет, ние сме најпрво луѓе, па потоа ќе се делиме по вера и националности“, вели Димитровска.
Димитровска вели дека новост во работата на здружението, која започнала од 1 август, е дека работат на нова социјална услуга, која за прв пат се воведува во оваа држава, а тоа е лична асистенција на лицата со попреченост.
„Веќе работат персоналните асистенти индивидуално со лицата со попреченост, и тоа е една најубава услуга што постои во светот. Мала е бројката, но понатаму ќе се шири“, додава Димитровска.
Благица сподели и пример на дискриминација кој се случил на еден од членовите на здружението. Личниот асистент додека помагал на едно лице со попреченост да влезе во такси, таксистот одбил да го прими.
„Тие такви примери се секојдневни за овие лица. На оваа тема многу треба да се зборува и многу работи треба да се преземат. Ќе следиме понатаму будно и ќе ги информираме и личните асистенти за ваквите случаи, за да не се повторат.
Ангела Петровска
камера и монтажа: Биљана Јордановска
Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.