• Latest

Димитровски: Ако референдумот е историски важен, многу е важно изразувањето на граѓан(к)ите

September 23, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитровски: Ако референдумот е историски важен, многу е важно изразувањето на граѓан(к)ите

September 23, 2018 12:56
in ВЕСТИ, РЕФЕРЕНДУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Во разговор на ЦИВИЛ Медиа, со одговорниот уредник на неделникот „Фокус“, Зоран Димитровски, за прашањето и кампањата околу претстојниот референдум на 30 септември, тој вели дека веднаш по склучувањето на Договорот со Грција, владејачката коалиција, настапила со идејата дека референдумот е многу важен, дека тоа е историски референдум кој одлучува за иднината на Македонија, и дека премиерот Заев изјавил дека доколку референдумот не биде успешен, оваа гарнитура на власт ќе си замине, односно ќе поднесе оставка.

„Веднаш потоа состојбите се сменија, со одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да калкулира околу референдумот, односно со референдумското прашање. Лично сметам дека целиот тој процес, воден без доволно политичко внимание,  видовме дека анкетата на МЦМС и Телма покажа дека без оглед дали во прашањето ќе биде присутна Европската унија и НАТО или само Договорот со Грција, расположението на гласачите е отприлика исто, што значи дека оние што се „за“ или „против“ имаат еднаков став без оглед дали ќе ја вметнете Европската унија или НАТО во референдумското прашање“, вели Димитровски.

Според Димитровски, тоа било клуч за ВМРО-ДПМНЕ да најде алиби да не учествува на референдумот, и дека од тие причини требаше малку повеќе внимание да се посвети на референдумското прашање и на опцијата ВМРО-ДПМНЕ да го гарантира на некој начин своето учество во референдумот, со што референдумот ќе беше задолжителен, а не како што подоцна се одлучи, да биде консултативен.

„Јас не сум сигурен дека ВМРО-ДПМНЕ ќе прифатеше и со чисто референдумско прашање да учествува, затоа што знаеме дека нивната цел е да добијат некаква амнестија за обвинетите од СЈО, меѓутоа требаше да се направи таков напор, особено затоа што видовме дека тоа нема да има големо влијание врз одлучувањето за или против“, додава Димитровски.

Вториот сериозен проблем, според него, е тоа што кога референдумот станал консултативен, власта направила една условно кажано кампања која објаснувала дека не е важно што ќе се случи на референдумот, дека институциите потоа ќе си ја преземат работата во своите раце, дури и ако референдумот биде неуспешен.

„Кога давате алтернатива на граѓаните, ако им велите дека баш и не е толку важно, тоа не е начин за мобилизација на граѓаните да гласаат на референдумот. Значи сега, дали е референдумот историски, односно судбоносен или е само една консултација, една анкета на граѓаните? Ако е историски и ако е важен, без оглед дали е задолжителен или не, тогаш вие морате од почетокот да правите кампања дека е многу важно изјаснувањето на граѓаните. Мислам дека голем број на граѓани знаат за што се работи, меѓутоа има еден број на граѓани кои што имаат впечаток дека и да не помине референдумот, институциите ќе си ја преземат работата во свои раце. Мислам дека тоа е грешка во кампањата на власта, дека таа требаше исклучиво да игра на картата на историски референдум којшто е многу важен за иднината на Македонија. Тоа се поправи во последниот период, особено со посетите на највисоки странски претставници кои ја упатија таа порака, дека е ова шансата да се влезе во ЕУ и НАТО, и се надевам дека до овие последниве денови ќе има некакво влијание и таков вид на кампања. Но, во секој случај, мислам дека таа грешка може да има свој одраз врз постигнувањето на цензусот“, вели Димитровски.

На прашањето за тоа колку граѓан(к)ите се запознаени со Договорот од Преспа и колку кампањата може да влијае кај нив за одлучност, Димитровски вели дека договорот уште од самиот почеток бил транспарентен, но дека не бил предмет на голема дискусија и големи дебати, затоа што клучните прашања од Договорот од Преспа се објаснети пред јавноста, но сепак договорот си има свои членови и параграфи кои што можат да значат повеќе или помалку.

„Мислам дека власта од една страна правеше повеќе напори да го прикаже оној момент судбоносен за нашето зачленување во ЕУ и НАТО што е важен, со прифаќање на Договорот со Грција, од друга страна упатуваше пораки дека се загарантирани нашиот идентитет, јазикот и така натаму, дека не треба од ништо да стравуваме, но сепак сметам дека поради поделеноста на гласачкото тело, имаме страшна конфротација на власта и опозицијата, дека проблем е што прашањето е исполитизирано. Но, мислам дека, се разбира политизацијата пред сè е кај опозицијата затоа што таа не чувствува никаква одговорност за процесите во Македонија, а токму тоа е во прашање, да се преземе одговорноста кон историскиот момент. Од друга страна, гледаме дека и власта во дел од кампањата се однесува на сличен начин, дека повикувајќи го ВМРО-ДПМНЕ постојано на одговорност, не давајќи опсежни прашања на она што ги засега, да речеме проблемите што ги предизвикува тој договор, да речеме уставните амандмани кои што треба понатаму да се спроведат, има неколку нејасни работи околу договорот, се разбира.

Димитровски на крајот додава дека се надева дека последните денови од кампањата ќе дадат свои резултати, дека цензус ќе биде постигнат, затоа што сепак тоа е услов за референдумот да го сметаме за релевантен.

Ангела Петровска
Камера и монтажа: Биљана Јордановска


Видео интервјуто е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“

Tags: ВМРО-ДПМНЕДоговор од ПреспаЕУЗоран ДимитровскиЗоран ЗаевНАТОреферендумСДСМСТАВ
Share42Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ