• Latest

Димовски: Во понеделник да му кажеме збогум на Митревски!

January 6, 2017
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димовски: Во понеделник да му кажеме збогум на Митревски!

January 6, 2017 13:52
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дарко Димовски, како што тврдат од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), единствениот легитимен в.д. претседател на најголемиот синдикат во државата, во понеделник ги повикува синдикатите, работниците и граѓан(к)ите да им дадат поддршка во борбата против „самоволието на Живко Митревски“. Тој апелира до членството да дојдат пред зградата на ССМ и „дефинитивно да му кажат збогум на Митревски“. Овој повик доаѓа по инцидентот што во петокот изутрина околу 04:30 часот се случил во просториите на ССМ, во којшто бил повреден Димовски и неколкумина други синдикалци.

dimovski-1-257x300
Дарко Димовски

Димовски побарал медицинска помош на клиниката за трауматологија,а по укажаната интервенција бил пуштен. Тој изјави за Грин ЦИВИЛ изјави дека во моментов се наоѓа во полициска станица, каде што дава изјава во врска со утринскиот инцидент. Во меѓувреме ССМ се обрати со соопштение.

„Живко Митревски со група од 40-тина рекетари, насилнички упадна во зградата на ССМ, исфрлајќи ги работниците, кои ја бранеа од неговото самовластие и криминали и со умисла повредија дел од работниците меѓу кои и в.д. претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Вчерa Министерството за труд и социјална политика лиферуваше соопштение, според кое заменик министерот, наводно донел решение со кое љубимецот и привезок на власта, Живко Митревски, по порачка, повторно го устоличи за претседател на ССМ. Охрабрен од ваквиот чин и поддршка од власта, денеска во утринските часови Митревски изврши насилнички упад. Власта и рекетарите му овозможија на Митревски непречено да ја реaлизира својата болна идеја, да се ослободи од синдикатите коишто му даваат отпор“,стои во соопштението од ССМ.

Според Пеце Грујоски, претседател на синдикатот на УПОЗ се очекува секој момент, синдикатите на СИЕР, СУТКОС и АГРО, да бидат иселени од зградата на ССМ. Митревски им најави дека насилно ќе ги исфрли предметите и архивите на овие синдикати.

„Очигледното невладеење на правото и не фукнционирањето на институциите, Централниот регистар, Јавното обвинителство и Управниот суд доведоа до ескалација на насилството и потврда дека во Р. Македонија институциите ги заменуваат мафијашко – криминални групации. Со тоа дефинитивно е ставен печат дека ССМ и имотот е во приватна сопственост на Митревски. Затоа тој целиот изминат период не избираше и натаму нема да избира средства, како да го оствари тоа и покажа дека неговите главни интереси се моќ, пари и власт. Во таа насока тој никогаш нема да прекине да биде послушник на власта и со тоа никогаш ниту бил, ниту ќе  биде претставник на работниците“,обвинуваат од ССМ.

Оттаму акцентираат дека синдикатите кои и досега се бореа против „криминалите на Митревски“ ќе продолжат со натамошна институционална битка.

„Членството и до сега знаеше за чии интереси работи Митревски, а сега и на севкупната јавност и стана јасно како функционира тимот мафија – власт – Митревски. Меморандумот за соработка што Митревски го потпиша со ВМРО-ДПМНЕ му ја гарантираше ваквата разрешница против оние, кои ниту мислат, ниту прават како него“; акцентираат одд ССМ.

Живко МитревскиГрин ЦИВИЛ го контактираше и Живко Митревски на неговиот мобилен телефон.

„Митревски е на состанок, на мејл ќе ви пратиме соопштение“, добивме ветување од соработниците на Митревски.

Во очекување на ветеното соопштение,  да потсетиме дека синдикалните превирања во ССМ, започнаа од моментот кога Митревски пред неколку месеци во име на ССМ, без согласност на голем дел од синдикалното членство, му даде поддршка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Моника Талеска

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕДарко ДимовскиЖивко Митревскиинцидент во ССМНикола ГруевскиПеце Грујоскисиндикална биткаССМУПОЗ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ