• Latest

Дискриминација на лицата со попреченост и во измените на Законот за социјална заштита!

July 21, 2017
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дискриминација на лицата со попреченост и во измените на Законот за социјална заштита!

July 21, 2017 11:50
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Здружениетo за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово, излезе со став за, според нив, уште подискриминативна одредба за лицата со попреченост во Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита по скратена постапка на Министерството за труд и социјална политика 

Како што претставници на „Инклузива“ изјавија за ЦИВИЛ Медиа, во постоечкиот Закон за социјална заштита, возрасните лица со умерени, тешки и длабоки пречки во интелектуалниот развој а кои се работонеспособни, не остваруваат никаков личен приход по основ на нивната попреченост (посебниот додаток им се укинува по навршување на 26 години). А ним, поради тежината на нивната попреченост, постојано им е потребен придружник.

Лицата со попреченост од оваа категорија, покрај интелектуалната попреченост, најчесто имаат и комбинирани пречки (епилепсија, оштетувања на грубата и фината моторика, оштетен говор, вид…), но според оваа одредба од постоечкиот Закон, за да го остварат правото на личен приход постои услов да користат инвалидска количка со придружник.

Вакво нешто би било правилно ако и за лицата со друг вид на попреченост (слепило, глувост и телесна попреченост) постои овој услов, или пак, дополнително имаат и интелектуална попреченост.

Од „Инклузива“ за ЦИВИЛ Медиа наведуваат дека во текстот на Предлог законот за изменување и дополнување на законот за социјална заштита по скратена постапка, треба да стои дека правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, на додатокот за слепило и мобилност, како и на додатокот за глувост, треба да се остварува, без оглед на приходите на лицето кое има потреба од помош за задоволување на основните животни потреби и вклучување во секојдневниот живот во заедницата.

Според здружението, со сегашниот предлог се прави уште поголема дискриминација, односно исклучување на најнемоќната категорија на граѓани, лицата со умерени, тешки и длабоки пречки во интелектуалниот развој кои дополнително имаат комбинирани пречки.

„Инклузива“, веќе поднела и барање до Министерството за труд и социјална политика за одговор на неколку прашања за коишто сметаат дека треба да бидат одговорени и разгледани, како можност за измена на Предлог законот.

Пред сè, здружението бара одговор: зошто некој кој е работно способен, повторно добива приоритет за уште поголеми права, односно, сега ќе ги добива без оглед на приходите кои ги остварува, и зошто, лицата со умерени, тешки и длабоки пречки во интелектуалниот развој не се предвидени како корисници на овој додаток, односно, повторно се исклучени и со новите измени во законот што се донесуваат по скратена постапка, иако – не остваруваат никаков личен приход по основ на нивната попреченост, не се работоспособни и постојано им е потребен придружник.

„Зарем оваа категорија на граѓани нема право за задоволување на основните животни потреби и за создавање на услови за изедначување на нивните можности за вклучување во секојдневниот живот во заедницата? Односно, дали овие лица треба и понатаму да останат невидливи во нашата држава и постојано како и досега, и понатаму, треба да бидат изложени на исклучувања од системски решенија?“, прашуваат од здружението „Инклузива“.

Биљана Јордановска

 

Tags: дискриминацијаЗакон за социјална заштитаИнклузивалица со попреченостМТСП
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ