Во организација на Факултетот за безбедност-Скопје денеска ќе се одржи научна стручна дебата на тема „Демократските стандарди и практики во следењето на комуникациите и функционален безбедносен систем”.
Целта на дебатата е детално разгледување на Предлог-законот за следење на комунициите и Предлог-законот за оперативно-техничката агенција кои се во собраниска процедура, со посебен осврт на механизмите за контрола на следење на комуникациите и за нивната функционалност и обезбедување на ефикасност на системот во борбата против организираниот криминал, корупцијата и делата против државата, како и пред се почитување на човековите права и слободи и Уставот на Република Македонија.
На дебатата ќе присуствуваат претставници на безбедносниот, разузнавачкиот, контраразузнавачкиот систем, судските, истражните органи, други претставници од државните институции, академската заедница, граѓанскиот сектор.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.