• Latest

Дневниот центар во Манастирец нема дефектолог, логопед и физиотерапевт

April 2, 2018
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дневниот центар во Манастирец нема дефектолог, логопед и физиотерапевт

April 2, 2018 14:43
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Деновиве во јавноста се почесто се зборува за процес на инклузија на децата со попреченост. Тоа во превод би значело вклучување на децата со попреченост во основни и средни училишта за лица со нормален невропсихички развој. Како студент на Институтот за дефектологија при УКИМ во изминатиов семестар, при посета на основните и средните посеби училишта имав можност да видам успешни и не толку успешни инклузивни методи. Сум видела деца на кои одлично им влијае овој процес, но и деца на кои инклузијата не оставила позитивна трага поради нивната релативно лоша прогноза, или пак поради нестручноста на персоналот во училиштата…“ пишува за ЦИВИЛ Медиа, Софија Стојановска.

Стојановска потсетува дека процесот на инклузија започнат уште во 2000 година и создавањето на првите дневни центри во 2002 е процес кој се уште трае, но со многу недостатоци и недоследности.

Еден таков пример е дневниот центар во с. Манастирец којшто се отвора по барање на корисниците, а кој нема стручен персонал. Дневниот центар нема логопед, дефектолог и физиотерапевт.

„Дневниот центар од Манастирец е отворен онолку колку што бараат корисниците од Манастирец, нема обезбедено ниту еден оброк, нема служба за поддршка на семејствата и не ја реализира програмата утврдена од Заводот за социјални дејности. Центрите за социјална работа кои се надлежни за децата сместени во згрижувачки семејства ги посетуцаат семејствата повремено (еднаш годишно) или многу ретко (еднаш на четири до пет години)“, пишува Стојановска.

ЦИВИЛ Медиа за состојбата со дневниот центар во с. Манастирец побара одговор и од Министерството за труд и социјална политика. Тие ниту негираат, ниту ги потврдуваат овие информации.

„Дневниот центар во Манастирец го посетуваат десет корисници сместени во згрижувачки семејства во с. Манастирец, со кои работи едно лице – неговател и под надозр на стручните лица од Центарот за социјална работа – Македонски Брод. Сите семејства од с. Манастирец имаат добиено соодветна обука за згрижувач од страна на СОС Детско село“, велат од МТСП.

Оттаму велат дека со лицата сместени во згрижувачките семејства работат стручни тимови од центрите за социјална работа од каде доаѓаат корисниците, но не одговорија колку се чести „редовние посети кои ги вршат стручните работници од ЦСР Македонски Брод.

Од Министерството велат дека во наредниот период е планирано зајакнување на стручната поддршка на згрижувачките семејства со обезбедување на обуки и посета во самите семејства.

 М. Ивановска
Tags: дневен центарзгрижувачки семејстваинклузијаМакедонски бродМанастирецуслови
Share30TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ