• Latest
(од архивата на ЦИВИЛ) Конференцијата Македонски перспективи: Како до Европа, јули 2018. Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

До сега потврдени 24 говорнички и говорници, меѓу кои Претседателот Пендаровски, Амбасадорот Герберих, политички лидери и аналитичари, се очекува одговор од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ

September 17, 2019

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

До сега потврдени 24 говорнички и говорници, меѓу кои Претседателот Пендаровски, Амбасадорот Герберих, политички лидери и аналитичари, се очекува одговор од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ

Конференцијата ќе се одржи во Скопје, хотел Континентал (Кристална сала), на 25 септември со почеток во 12 часот. На конференцијата се поканети лидерите на политичките партии без оглед на тоа дали се работи за голема или мала политичка партија, дали е застапена во сегашниот состав на Собранието или е вонпарламентарна. Воедно, ЦИВИЛ покани релевантни експерти и претставници на граѓанското општество и меѓународната заедница.

September 17, 2019 17:40
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ИЗБОРИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
(од архивата на ЦИВИЛ) Конференцијата Македонски перспективи: Како до Европа, јули 2018. Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

(од архивата на ЦИВИЛ) Конференцијата Македонски перспективи: Како до Европа, јули 2018. Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

До сега се потврдени 24 говорнички и говорници на Конференцијата за изборни реформи: Перспективи на македонските избори, но бројот на пријави за дискусија расте постојано, информираат од Тимот за комуникации на ЦИВИЛ. Конференцијата ќе ја отворат Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и Амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих.

Конференцијата ќе се одржи во Скопје, хотел Континентал (Кристална сала), на 25 септември со почеток во 12 часот. На конференцијата се поканети лидерите на политичките партии без оглед на тоа дали се работи за голема или мала политичка партија, дали е застапена во сегашниот состав на Собранието или е вонпарламентарна. Воедно, ЦИВИЛ покани релевантни експерти и претставници на граѓанското општество и меѓународната заедница.

Меѓу говорниците се лидери на политичките партии, вклучувајќи го и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но и лидери и високи претставници на Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса, ДОМ, НСДП, Либерална партија, ГДУ, Демократи и други. Сѐ уште нема ни позитивен ни негативен одговор за учество на претставник од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Меѓу говорниците се и Александар Кржаловски, МЦМС, Дарко Алексов, МОСТ, Владо Бучковски, Неда Малеска Сачмароска и многу други.

На Конференцијата ќе се говори за потребата од реформи во изборниот систем во целост, а поконкретно ќе се отворат темите за Изборниот законик, изборниот модел, Избирачкиот список, политичкото финансирање и медиумите и изборите. Учесничките и учесниците на Конференцијата ќе се обидат да дадат одговори на прашањата дали, како и во кој временски рок се возможни реформи во изборниот систем.

Првата верзија на Агендата, како и прелиминарната листа на говорници ќе биде објавена утре, на 18 септември. Присуството е возможно преку пополнување апликација или врз основа на директна покана од ЦИВИЛ.

Конференцијата е дел од проектот „Слободни граѓанки и граѓани за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

 


Aпликација за учество

 

Share59TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ