• Latest

Доделување на наградите за новинарски приказни за бегалците

June 21, 2016

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Доделување на наградите за новинарски приказни за бегалците

June 21, 2016 12:39
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Вчера на Светскиот ден на бегалците – 20 Јуни, беа прогласени добитниците на „Наградата за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2015 година во Македонија“, во организација на Македонското здружение на млади правници и Високиот комесаријат за бегалци на ОН – УНХЦР, во соработка со Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ.

На конкурсот биле пристигнати 110 трудови, а за изборот на наградените клучно било континуираното следење на бегалската криза и предизвиците со кои се соочувале бегалците, но и хуманитарните работници во 2015 година во Македонија.

Наградите беа доделени во присуство на голем број бегалци кои сé уште се во Македонија и во  присуство на активистите и волонтерите кои неуморно им помагаа од самиот почеток на бегалската криза.

Во категоријата напис или серија написи третото место и припадна на Слободанка Јовановска, за напис објавен во „Утрински весник“, второ местото на Синиша Станковиќ, уредник на ЦИВИЛ Медиа, за прилозите објавени на „Гласот на Америка“ на македонски јазик, а првата награда ја освои Горан Адамовски за напис, исто така, објавен во „Утрински весник“.

img_0351img_0467

Во категоријата  емисија, прилог или краток документарец, третонаградена беше Менче Атанасова Точи за видео-прилог емитуван на порталот Нова ТВ, второнаградена беше Милка Смилевска за видео-прилог емитуван на „Ал Џезеира Балкан“, а првото место ѝ припадна на Зорана Гаџовска Спасовска за видео-прилог емитуван на „Радио Слободна Европа“.

Претставникот на УНХЦР во Македонија, Мохамед Ариф им се обрати на присутните, потенцирајќи ја потребата од заштита на човековите права на бегалците и изразувајќи им благодарност на граѓаните на Македонија за нивната солидарност и хуманитарен дух.

Свое обраќање имаше и бегалка од Нигерија, која им се заблагодари на сите хуманитарни луѓе за нивната помош, со песна на македонски јазик.

https://www.youtube.com/watch?v=PEU7NOB2ZMQ

Според последниот извештај на УНХЦР кој го следи присилното раселување на светско ниво, 65.3 милиони луѓе биле раселени на крајот на 2015 година од кои 21.3 милиони бегалци на светско ниво.

„Повеќе од 60 проценти се жени и деца, вклучувајќи и мали деца кои патуваат сами или разделени од своите родители, на кои им е потребно да им се посвети посебно внимание“, велат од УНХЦР, давајќи и признание на Македонија во справувањето со бегалската криза и дадената помош на бегалците.

На гостите им се поделија и маици со написот: I stand #WithRefugees, а можеше да се пополни онлајн апликација за поддршка на бегалците. Исто така, беше поставена и изложба на ликовни трудови на бегалците направени во двата кампа во Гевгелија и Табановце.

 Б.Ј.

Tags: бегалска кризабегалциГоран АдамовскиЗорана Гаџовска СпасовскаМакедонијаМенче Атанасова ТочиМилка СмилевскаМохамед АрифнаградиСиниша СтанковиќСлободанка ЈовановскаУНХЦРЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ