Државната изборна комисија информираше дека денеска до 12 часот, преку веб апликацијата dijaspora.sec.mk до доставени се вкупно 251 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.Од нив, 127 пријави се прифатени, а 124 се во обработка.
Најголем број пријави се поднесени за гласање во Берн и Виена – по 21, во Љубљана – 18, во Торонто – 18, а во Канбера 15 пријави.
Што се однесува на податоците од јавниот увид во избирачкиот список, ДИК информираше дека ќе ги бидат достапни во понеделник, а истите ќе вклучуваат пресек од деновите петок, сабота и недела.
Б. Ј.