Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинилизираните заедници“ со цел изнаоѓање на заеднички решенија за дискриминаторските содржини во учебниците за високо образованија, организира конференција „Кон образование без дискриминација: Заложби за надминување на дискриминацијата во учебниците за високо образование“, утре, во Салата за седници (стара сала за ННС) на Правниот факултет, со почеток во 11 часот.
„Идејата на конференцијата е да поразговараме малку повеќе со академската заедница… пред сè е срам за универзитетите да имаат учебници што велат дека хомосексуалноста е болест, дека таа треба да се лекува со тоа што а младите луѓе ќе им кажете дека ако се хомосексуалци ќе станат стерилни. Тоа е срамота. На тој начин се повредува правото на образование на секој студент и се дискриминираат цели групи на граѓани. Прoфесорите, пак, што ги подготвуваат овие учебници освен што дискриминираат, нудат и комплетно и нерелевантно образоование“, изјави Драгана Дрндаревска од Коалицијата СЗПМЗ за ЦИВИЛ Медиа во пресрет на конференцијата.
На конференцијата ќе говорат проф. Љубомир Данаилов Фрчкоски, проф. Николина Кениг, проф. Беким Кадриу, Драгана Дрндаревска, а модераторка ќе биде проф. Румена Бужаровска.
Биљана Јордановска
Камера: Ангела Петровска