• Latest

Дукоски и Миланов: Недостасува една секунда од првата „бомба“ за Тендери

April 13, 2018
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дукоски и Миланов: Недостасува една секунда од првата „бомба“ за Тендери

April 13, 2018 15:46
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бранителот на обвинетните во случајот „Тендери“, адвокатот Сашко Дукоски смета дека СЈО несериозно ја води постапката и потенцира дека во првата „бомба“ фали една секунда и за разлика од транскриптот го нема делот во кој директорот на Бетон Штип Илија Брезилски ја пцуе првообвинетата, поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска.

– Ова е втор пат што се случува истото, првпат беше со вештачењето по завршувањето на истрагата повторно се бараа докази да се доврши веќе завршеното вештачење. Денеска недостасуваа делови од телефонските разговори. Не сметам дека постои намера, изјави Дукоски по завршувањето на денешното рочиште во Кривичниот суд.

Тој потенцира дека доказите што беа изнесени во првата од „бомбите“ снимена на 14 јуни 2011 година нема, како што рече, „блага врска“ со конретниот кривично правен настан.

– Се зборува за анкес на договор кој е потпишан во  мај 2011 година и се однесува за карабината на објектот кој го градела истата фирма која ги изведувала и завршните  занаетчисики работи. Тој разговор нема никаква врска, а особено е интересен односот на првообвинетата кон главниот сведок на обвинителството. Ако се изнесувате на негативен начин за некого не е логично да го фаворизирате да добие тендер. Тоа е невозможно, рече Дукоски.

Нагласи дека за предметот на обвиненитето, односно постапката за завршните занаетчиски работи, нема анекси, туку само јавен повик, склучен договор и решение за избор на најповолен понудувач за кој се  поминати сите законски рокови и никој не приговоарал.

Неговиот колега, адвокатот Еленко Миланов посочи  дека не се согласува со Дукоски оти не постои намера кај СЈО и додаде дека делот кој е изземен од бомбата покажува нетрпеливост меѓу двете спротивставени страни.

– Премногу се инсистираше да не се даде разговорот до крај и да не се слушне пцовката… Овој тендер нема анекси. Работата и по  основниот договор од 2008 година, во кој има пет анекси, и по договорот за  завршни работи е завршена во 2013 година, а ние зборуваме за некави преземени дејствија во 2011 година, изјави Миланов.

Прво обвинетата во „Тендери“ се товари дека го фаворизирала Бетон Штип да биде избран за изведувач на договорот за завршните занаетчиски работи за изградба на Музејот на ВМРО.


Извор: МИА

Tags: доказитендери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ