• Latest

Две кривични пријави за директорот на гимназијата!

March 17, 2017

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Две кривични пријави за директорот на гимназијата!

March 17, 2017 16:00
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прилепските социјалдемократи денеска поднесоа кривични пријави против директорот на гимназијата „Мирче Ацев“, Кире Николоски и директорот на средното индустриско училиште „Ристе Ристески – Ричко“, Жарко Темелкоски, за злоупотреба на службена положба и овластување.

„Наместо да ги заштити децата од партиски злоупотреби, што му е должност, Николоски преку партиски говори во гимназијата, ги поттикнувал учениците на протести, на коишто се шири национална омраза. Надлежните институции мора да постапат по вакви груби злоупотреби на учениците во партиски цели. Никој не смее да злоупотребува учениците за партиски интереси!“, порача Миле Талески, советник од СДСМ.

Прилепските социјалдемократи бараат и итна вонредна седница на општинскиот Совет, со задолжително присуство на градоначалникот Марјан Ристески.

„Барањето е потпишано од една третина од советниците, со што според Закон за локална самоуправа претседателот на Советот е должен да свика седница. Локалната самоуправа во Прилеп е должна да ги осуди злоупотребите на ученици во средните училишта во Прилеп. Градоначалникот Ристески не ги спречи прекините на настава за политички цели, напротив – ги дозволи. Тој не ги разрешува директорите на училиштата, со што е соучесник“, вели советникот Талески.

Кривична пријава против директорот на гимназијата, Николоски поднесе и родител на еден ученик.

„Поднесуваме кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување, поради потикнување и овозможување на учениците да го напуштат наставно-образовниот процес, спротивно на Законот за средно образование, без одлука на Училишниот одбор, без негова формална одлука како директор, и спротивно на Статутот на училуштето“, изјави Жарко Стеваноски, полномошникот на родителот на еден ученик во прилепската гимназија.

И родителите на учениците од гимназијата кои вчера протестираа во училишниот двор и професори од гимназијата, бараат да се врати редот и мирот во училиштето.

„Бараме директорот да прекине со политички говори и да си понесе одговорност. Бараме безбедност и сигурност, квалитетна настава за нашите деца. Инспекторатот да ги преземе итно сите мерки за враќање на мирот и сигурноста во гимназијата“, реагираат родителите.

А, професори од гимнaзијата се жалат дека работат во неподносливи услови.

„Политиката очигледно длабоко замеша прсти. Со тапани и свирки, со знамиња, под прозорци ни доаѓаат млади за кои не знаеме ниту од каде се, ниту кој ги пратил, со цел да ја прекинат наставата. Учениците се вознемирени, едноставно, нема услови за настава. Политизирана е ситуацијата во гимназијата, некогаш ова беше училиште, сега е срам за градот“, велат дел вработени професори во гимназијата.

И учениците бараат да прекине доаѓањето на групата која тргнува од индустриско училиште, со цел да привлече внимание и што поголем број ученици од гимназијата, на протест против т.н. Тиранска платформа.

„Денеска, ние учениците ги спречивме да влезат во гимназијата, а некои професори и вработени ладнокрвно гледаа што се случува и како не навредуваат другите ученици, нé нарекуваат предавници, и не реагираа“, велат дел од учениците.

 

Скандалот во прилепската гимназија почна пред три дена, кога ученици кои постираа и видео клип на социјалните мрежи, го осудија директорот Николоски, дека држи политички говор, со кој ги повикува на протести против т.н. Тиранска платформа.

Николоски, член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш изјави дека само разговарал со учениците, со цел да ги запознае со националните интереси.

Tags: гимназијаиндустриско училиштекривични пријавиПрилепПротестиродителисредни училишта
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ