Двајца членови на актуелната Влада се под истрага за корупција, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на Самитот „Македонија 2025“, што се одржува во Скопје, јавува МЕТА.
Заев додаде дека истрагите се отворени по пријави од граѓаните, но истакна оти не може да соопшти повеќе детали.
– Активно се бориме против корупцијата и не случајно двајца членови на Владата веќе се под истрага… Тука се само два месеца и веќе се под истрага. Други детали не можам да кажам. Наш приоритет е во Македонија да не се појавуваат грешките од минатото, пред сè корупцијата. Законот мора да важи за сите. Само така ќе се овозможат нови инвестиции – рече Заев на панел-дискусијата во рамките на Самитот „Македонија 2025“.
извор: МЕТА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.