• Latest
Џабир Дерала

Двете македонски приказни

July 29, 2021
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Двете македонски приказни

July 29, 2021 16:42
in ДНЕВНИК, ЕДИТОРИЈАЛ, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Во ист ден, на две различни локации, се гледаат двете различни македонски приказни. Едната, позитивна, енергична, прогресивна, иако преполна со неизвесности и предизвици, а другата приказна е со протагонисти кои во сè гледаат можност да постават заседа, да се инаетат и да профитираат со евтин десничарски популизам.

Три балкански држави, преку своите државници, се поврзуваат на економскиот форум во Скопје. Ексцентричниот Рама од Албанија и авторитарниот популист од Србија, Вучиќ, му се гости на македонскиот премиер Зоран Заев. Гостите дојдоа еден ден порано, се прошетаа сите заедно низ Скопје, јадеа пченка, правеа селфи со минувачите, се дружеа пред очите на јавноста, опуштено и другарски, како ретко кои државници. И најголемите светски медиуми пишуваат за Економскиот форум во Скопје, како што е лондонскиот „Фајненшл Тајмс“.

ДОБРА ВОЛЈА И ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ

Дали поврзувањето на Балканот ќе биде успешно и колку тоа, освен за сопствениците на бизнисот, ќе биде приказна со среќен крај, ќе се види набрзо. Иако беше на маргините на економскиот форум, за кој допрва ќе има многу дискусија, анализи и шум од мрчаторите, краткиот дијалог меѓу Рама и Вучиќ покажува дека довербата е изградена и дека пријателствата се склучени. Вучиќ вели дека ќе потпише сè што ќе каже Рама, а овој му вели да не избрзува, затоа што ќе побара од него да го признае Косово. И Рама и Вучиќ се чувствуваат убаво и добредојдено, расположени, позитивни и насмеани, како и нивниот домаќин. Тешко дека некој можеше да го замисли тоа во 2014 година, кога германската канцеларка Ангела Меркел го отвори Берлинскиот процес.

Така почнува тоа, со досетки и игри на зборови, до конечни позитивни решенија – ако постои волја. Таму каде што нема волја, нема ни резултати. Овде, очигледно, има и добра волја и добро расположение. Катализаторот во овие процеси може лесно да се види, на голема нервоза од националистите, домашни и регионални, а секако и на источните центри на моќта за кои раздорот и тензиите се храна за нивниот лаком дигестивен тракт.

Убави пораки за ослободување од баластот на минатото и реалистични планови, отвореност и позитивна енергија – тоа се првите впечатоци за самитот на тројцата лидери во Скопје. Пред нив има уште пат, полн со кривини и препреки, пред сè, со амбицијата целиот Западен Балкан да стане дел од регионалниот интеграциски процес, непопуларно наречен „Мал Шенген“. Овој форум покажа дека нештата можат да бидат подобри, само ако постои разбирање, политичка волја и добри намери. Се разбира, секој од државниците гледа, колку економија, толку и политика во целата приказна, но би било и чудно кога тоа не би било така.

РЕЗОЛУЦИЈАТА ПОМИНА, ШТО СЕГА?

Македонското собрание, пак, истиот ден, расправаше и ја усвои Резолуцијата што ја предложи ВМРО-ДПМНЕ. По сите ујдурми и неуспешен обид на десничарската опозиција политички да профитира од „црвените линии“ во преговорите со Бугарија и со ЕУ, стана повеќе од очигледно дека тие „црвени линии“ на кои инсистира ВМРО-ДПМНЕ постоеле и ќе постојат.

Па истите што земаат плата и користат безброј бенефиции од Северна Македонија, се тегавеа околу уставното име на државата (Северна Македонија, не ФИРОМ), па откако им пропаднаа евтините трикови, легнаа на брашното и сега уживаат во поддршка за нешто што веќе го има. Политички превеслани, сега треба да бидат многу покреативни за да го смислат следниот деструктивен чекор.

КОЈ БЛОКИРА, МОЛИЌУ ЛЕПО?

Во истото собрание кое, патем, во 2017 година го нападнаа и се обидоа да убијат пратеници и медиумски работници, конечно пристигнаа законските решенија за измени во Изборниот законик. Документот со предлог измените во Изборниот законик го дочекаа 500 амандмани. Навистина, некои амандмани се конструктивни и со добри поенти и критики. Како што се и критиките од ДКСК, на пример. Но и многу од амандманите и критиките имаат една цел – да се забави и блокира процесот.

И така… Од една страна, го одбија предлогот локалните избори да се одржат на крајот на октомври, за да не се преклопуваат со активностите на пописот на населението, но од друга страна, го кочат процесот. Па кој тоа одложува и блокира процеси, молиќу лепо?

КОНТРАСТ

Еве, со поблаги примери… Пописот ќе беше завршена приказна ако се одржеше во април годинава. Како и понудените предвремени избори што ќе беа завршена приказна уште во декември 2019 година. А се одржаа во јули 2020 година. И неколку месеци подоцна, онака поразени, бараа нови избори.

Како што и многу законски решенија, реформи и социјални мерки што ги блокира и ги блокираат изминативе четири години.

Зборот ми е, редовно имаме ситуација во земјава од која се гледа силниот контраст меѓу двете македонски приказни – светлата и мрачната – од кои првата води кон стабилност и успех, а втората кон распаѓање и немир. Верувам дека Западен Балкан има шанси да се интегрира и во ЕУ, а и државите да се поврзат меѓусебно.

Но како ова општество ќе се извлече од калта и отровите на поларизацијата и црната пропаганда, останува отворено и тешко прашање.

 

ПС. Еден другар, на шега ми испрати еден (измислен) „дијалог“: Му се јавил некој на Мицкоски да го праша зошто не е поканет на Економскиот форум во Скопје и зошто не бил на неодамнешниот Преспански Форум. „Не беа форуми за лажни вести и пропаганда“, одговорил Мицкоски.

 


Creative Commons 4.0

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ