• Latest

Децата не го заслужуваат јадот и чемерот во кој ги туркаме!

March 3, 2017
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Децата не го заслужуваат јадот и чемерот во кој ги туркаме!

March 3, 2017 17:24
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Нашата држава последниве месеци е вовлечена во една од најголемите кризи од нејзиното осамостојување. Кризата започна пред две години со општото незадоволство на студентите, на учениците и на нивните професори од образовните политики на Владата, за кои учениците и студентите сметаа дека ја загрозуваат нивната иднина. Нивниот глас, нивниот вресок да бидат ислушани, тогаш наиде на непробоен зид и игнорирање од страна на институциите и власта.

Пишува: Фросина Митрушева

Кризата продолжи со откривањето на криминалите на луѓе кои десет години ја имаа власта во свои раце и ја злоупотребија за свое лично богатење, кое успешно го затскриваа зад популистичката политика. И кога мислевме дека изборите ќе стават крај на криминалот, корупцијата, водењето на државата во погрешна насока, нештата станаа уште полоши…

Одеднаш се појавија „граѓански“ здруженија кои ја испревртуваат работата наопаку. За да се заборават вистинските причини поради кои започна кризата и поради кои беа одржани изборите во декември, тие здруженија проблемот го префрлија на одбрана на националните интереси, како и секогаш, кога досегашната владеачката структура ќе сакаше да го одвлече вниманието од себе и од својот криминал. Заиграа на наједноставната карта за манипулација со масите – национализмот!

Се обидуваат граѓанското незадоволство да го „редефинираат“ како меѓуетнички, па и интеретнички конфликти, со јасна поделба на граѓаните – на оние кои наводно ја сакаат и оние кои наводно кои не ја сакаат таатковината?! Се разбира, според дефиницијата на долго години владеачката структура – ако си со нас и си подготвен да загинеш во одбрана на нашите криминали, тогаш си патриот! Ако не си – тогаш не си патриот! Овој пат, манипулирањето со националните чувства ги помина сите граници на разумот!

Во стравот да не одговара за своите злодела, врвот на ВМРО-ДПМНЕ, преку таканаречените граѓански здруженија, без страв дека можеби ќе предизвика немири кои би ескалирале во војна (и тоа, не „само“ меѓуетничка, туку овојпат, и братоубиствена, граѓанска), за целна група за манипулирање ги одбра најневините, најранливите и најподложни на влијанија и манипулации – децата, учениците во основните и средните училишта. Од своите војници, инсталирани во сите училишта, на директорски и професорски работни места, ВМРО-ДПМНЕ побара враќање на долговите направени со добивање на незаслужените функции или со вработување, единствено со партиски „квалификации“. Имено, училиштата станаа институции во кои последната седмица, без ниту малку срам и разум, се врши најотворена бесрамна пропаганда со која партиската војска сака да ги вовлече децата во својата партиска војна!

Во зависност од наредбите, а и од „креативноста“ на партискиот војник – директор или професор, се преземаат различни дејствија, за да се „зајакнат патриотските чувства“ кај учениците. Во некои училишта учениците се ослободуваат од часови со отворена или потзаскриена сугестија да присуствуваат на протестите, манипулирајќи се нив – дека со тоа ќе придонесат за одбраната на унитарноста на својата држава, која некој сака да ја разнебити! (Големи „аргументи“ кажани на деца, кои на таа возраст секако ќе поверуваат во тврдењата на авторитетот – професор или директор во установата каде се образуваат и воспитуваат).

Во други училишта, без експлицитно кажан повод и причина, се читаат срцепарателни сооопштенија со патриотска содржина, со цел, да се допре до најчувствителните делови на детската душа. Некои средни и основни училишта осамнаа излепени со памфлети од двојазични свидетелства и „банкноти“, знаејќи дека нивната малолетност, незрелост и младост, на тоа ќе одговарат со бес и омраза. Таквите памфлети, впрочем, и поттикнаа инциденти со лоши последици меѓу младите. За мене, како професор, децата отсекогаш биле светост. Светост која ќе се негува и воспитува во духот на љубовта и слободата. Тие се кревкост со која треба да се биде многу внимателен, затоа што лесно може да се искрши.

Улогата на возрасните во животот на децата треба да биде поткрепа и помош во нивното патување кон животот и пронаоѓањето на себеси. Ние, како возрасни (родители или учители), преку сопствениот пример треба да ги научиме да прифатат и да живеат, почитувајќи ги и применувајќи ги принципите на љубов, чесност, почит, солидарност… Треба да ги научиме дека Татковината се сака со давање, со образование, со почитување на сите кои живеат во неа и со заедничка работа за нејзин развој, со космополитизам и почитување на сите нејзини различности.

Да се замислиме – што ги учиме нашите деца? Кои се моралните вредности што се провлекуваат низ мала врата во нивното воспитување? Какви иднина им посакуваме? Дали нашите деца го заслужуваат јадот и чемерот во кој ги туркаме?

Tags: „граѓански“ здруженијабесрамна пропагандаВМРО-ДПМНЕзлоупотребамалолетнициМанипулацијаморални вредностипрофесори - партиски војницисредношколци
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ