• Latest

Едногласно „за“, без механизам „како“ – што навистина значи одлуката на Град Скопје за „Усје“

December 29, 2025

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Едногласно „за“, без механизам „како“ – што навистина значи одлуката на Град Скопје за „Усје“

December 29, 2025 12:03
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Едногласниот заклучок за дислокација на „Усје“ меѓу симболиката, институционалната празнина и реалноста на загадениот воздух

Едногласното усвојување на заклучоците на Советот на Град Скопје за отпочнување постапка за дислокација на цементарницата „Усје“ беше претставено како историски момент во борбата за чист воздух. По 13-часовна седница, сите советници гласаа „за“, а јавноста доби порака за институционално единство. Но, според аналитичарот и активист Џабир Дерала, зад силниот политички наратив не стои суштинска одлука, туку симболичен гест без правна и извршна тежина.

Во својата анализа, Дерала укажува дека заклучокот не претставува покренување реална постапка. Формулацијата „се задолжува градоначалникот да се обрати до Владата“ не значи ништо повеќе од административна комуникација меѓу институциите. Нема утврдени рокови, нема јасни обврски, нема буџетска рамка, ниту пак се предвидени последици доколку ништо не се спроведе. Според него, Советот не донел акт за јавна политика, туку документ кој повеќе наликува на соопштение за медиумите.

„Ова е задолжување за задолжување – некаде, некогаш, за нешто што можеби ќе се случи“, оценува Дерала.

Тој потсетува дека институциите кои сега се „повикуваат“ и онака имаат законска обврска да вршат инспекции и надзор над загадувачите, па заклучокот не создава нови механизми, туку само илузија на дејствување.

Анализата оди чекор понатаму, сместувајќи ја одлуката во поширок, постјугословенски контекст на симболичен политички консензус.

Според Дерала, станува збор за класичен модел на манипулација со јавноста: сите се „за“, никој не презема ризик, а одговорноста се префрла меѓу Градот, Владата, министерствата и инспекторатите. Целта е краткорочно да се менаџира гневот на граѓаните и да се создаде чувство дека нешто се менува, додека суштински – ништо не се поместува.

Дополнителните експертски проценки ја потврдуваат оваа критика. Тие укажуваат дека дислокацијата на цементарница од ваков габарит е долг, скап и правно сложен процес. Дури и ако започне веднаш, ќе бидат потребни најмалку пет до шест години за обезбедување нова локација, урбанистичко планирање, нови студии за влијание врз животната средина, изградба на нов капацитет и евентуална демонтажа на постојната фабрика.

Во меѓувреме, постојат и сериозни економски ризици – од можни правни спорови до закани со намалување на производството или отпуштања на работници. Без јасна финансиска конструкција и државна поддршка, дислокацијата може да се претвори во долгогодишен конфликт без јасен исход.

Сличен став изразува и партијата ДОМ, која ја поддржува дислокацијата како долгорочна визија, но предупредува дека таа не смее да биде алиби за институционално нечинење денес. Тие бараат итни мерки: јавен мониторинг на емисиите во реално време, забрана за горење отпад, обврска фабриката да работи исклучиво на гас додека е во населено место и сериозно зајакнување на Инспекторатот за животна средина.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе постапи согласно ингеренциите, но истовремено укажа дека загадувањето е поширок проблем поврзан и со недостигот од алтернативни извори за затоплување. Ова дополнително ја нагласува оценката дека дислокацијата не е брзо решение, туку политичка порака со одложен ефект.

Клучното прашање, како што посочува Дерала, останува неодговорено: што ако заклучоците не се спроведат? Одговорот е – ништо. Нема санкции, нема одговорност, нема последици. Затоа, „историската“ одлука ризикува да остане само уште еден документ во архивите, додека граѓаните и понатаму го дишат истиот загаден воздух.

„О2 иницијатива“: Дислокацијата не е реално решение, контролите се клучот

Дополнителна перспектива во дебатата внесува и „О2 иницијатива“, која смета дека преместувањето на Цементарницата „ТИТАН Усје“ не е изводливо ниту суштинско решение за проблемот со загадувањето.

Според „О2 иницијатива“, клучниот проблем е недовербата на граѓаните во институциите, особено поради фактот што контролите најчесто се најавени.

Според анализите на кои се повикува „О2 иницијатива“, загадувањето доаѓа од повеќе извори и варира сезонски. Во зима, најголемиот удел – од околу 40 до 60 проценти – доаѓа од согорување биомаса, најчесто од домаќинствата. Потоа следува индустријата, а значително учество има и сообраќајот. Во летните месеци, пак, расте уделот на сообраќајот, горењето отпад, стрништа и земјената прашина од градилишта.

Одлуката за „Усје“ без правна сила, здравствени анализи и јасен план

Едногласниот заклучок на Советот на Град Скопје за дислокација на цементарницата „ТИТАН Усје“ нема извршна моќ, бидејќи Градот нема законска надлежност за таква одлука. Интегрираните еколошки дозволи ги издава Министерството за животна средина, а евентуална дислокација може да ја покрене само Владата, по сложена правна и финансиска постапка.

Цементарницата формално работи со интегрирана еколошка дозвола и според европските BAT-стандарди, кои не значат нула загадување, туку дозволени емисии во законски рамки. Екологистите предупредуваат дека и кога стандардите се почитуваат, загадување постои, особено од прашина и дифузни честички.

И покрај долгогодишните реакции на граѓаните, институциите досега немаат спроведено епидемиолошка студија за влијанието на индустриското загадување врз здравјето на населението во Кисела Вода и околните населби. Дополнително, дел од податоците за емисиите доаѓаат од приватни мерни станици на самата фабрика, што ја намалува довербата на јавноста.

Еко-организациите оценуваат дека дислокацијата е популистички атрактивна, но проблематична мерка, бидејќи загадувањето би се префрлило на друга локација. Тие бараат редовни и ненајавени инспекции, целосна транспарентност за тоа што се согорува и построги контроли и врз малите, нерегулирани загадувачи.

Дестан Јонузи/Frontline

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ