• Latest

Екстремисти киднапирале 50 жени во Буркина Фасо

January 15, 2023

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Екстремисти киднапирале 50 жени во Буркина Фасо

January 15, 2023 17:19
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Осомничени екстремисти киднапирале 50 жени во Арбинда, на северот на западноафриканската земја Буркина Фасо, објавија денеска локалните претставници и жителите на тоа место, во кое редовно има насилство, пренесува МИА.

Некои жени успеале да побегнат, да се вратат во селото и да раскажат што се случило.

– Жените се собраа да одат да берат лисја и диви овошја во дивината, бидејќи веќе нема што да се јаде, рече еден од жителите, додавајќи дека тие тргнале во текот на денот во четвртокот.

Кога не се вратиле до вечерта, мештаните помислиле дека нешто се случило, а потоа пристигнале три жени кои раскажале што се случило.

Според локалните власти кои ги потврдија киднапирањата, воените и цивилните помагачи ја пребарале областа, но безуспешно.

Градот Арбинда се наоѓа во регионот Сахел на северот на Буркина Фасо и е зона под блокада на екстремистичките групи, која тешко се снабдува со храна.

Околу милион луѓе во моментов живеат во блокирани зони на север или исток од земјата, според Обединетите нации.

Од 2015 година, Буркина Фасо, а особено нејзиниот северен дел, се соочува со напади од екстремистички групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава. Во тие напади загинаа илјадници луѓе и раселени најмалку два милиони.

Капетан Ибрахим Траоре, претседател кој дојде по воениот удар на 30 септември, втор во последните осум месеци, си постави за цел да ја врати територијата окупирана од „терористичките орди“.

 

Tags: Буркина Фасоекстремистикиднапирањечовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ