• Latest

ЕП: Унгарија повеќе не е вистинска демократија

September 16, 2022
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ЕП: Унгарија повеќе не е вистинска демократија

September 16, 2022 18:55
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Со усвојувањето на најновиот извештај, што е необврзувачки текст, со 433 гласа за (123 гласа против, 28 воздржани), Европскиот парламент „длабоко жали што отсуството на решителна акција од страна на Унијата придонесе за распаѓање на демократијата, владеењето на правото и основните права во Унгарија“.

Извештајот ја опишува унгарската држава како „хибриден режим на изборна автократија“.

Усвојувањето на новиот извештај од страна на Европскиот парламент со кој се осудува владата на Виктор Орбан доаѓа додека Будимпешта се обидува да му даде гаранции на Брисел, за да не дојде до намалување на финансиите.

Ова е уште еден начин да се осуди владата на Виктор Орбан. Европратениците на пленарна седница во Стразбур, прогласија дека Унгарија повеќе не е вистинска демократија, усвојувајќи го извештајот предводен од француската европратеничка од редовите на Зелените, Гвендолин Делбос-Корфилд.

Од 2010 година, Унгарија е предводена од националистичкиот и ултраконзервативен премиер Виктор Орбан (59), кој тврди дека практикува „нелиберална демократија“ и одржува кооперативни врски со Русија на Владимир Путин.

– Работите драматично се променија во Унгарија во изминатите години, подвлече Делбос-Корфилд за време на дебатата што претходеше на гласањето, особено истакнувајќи дека „независноста на судството е исто толку неверојатна во Унгарија како и во Полска“.

– Знаеме дека самото семејство на Орбан ги враќа европските фондови, продолжи Делбос-Корфилд наведувајќи ги и „ограничувањата на пратеничките права“, шпионажата на новинарите, владината контрола врз универзитетите, „злогласниот закон“ против ЛГБТ лицата, „кој наликува на законите на Путин.“, но и заострување на условите за абортус. – Да беше Унгарија денес кандидат за влез во ЕУ, тоа немаше да биде можно, повеќе немаше да ги исполнува критериумите за членство, ова е тажната опсервација на извештајот, наведе Фабиен Келер, од групата Ренесанса на Европа.

Будимпешта гласањето го оцени како „навреда“ за Унгарците.

– Сметам дека е навредливо за Унгарците што се доведува во прашање капацитетот на Унгарија за демократија, посочи шефот на унгарската дипломатија Петр Сијарто на прес-конференција во Будимпешта, изразувајќи изненадување што „некои“ во Стразбур и Брисел ја „понижуваат“ неговата земја.

ЕП во 2018 година поведе постапка против Унгарија за „Ризик од сериозно кршење на европските вредности“ (член 7 од Договорот за ЕУ). На земјата и се заканува и одземање на милијарди евра финансирање од ЕУ, поради загриженоста на ЕУ за корупцијата и условите за јавни набавки во Унгарија.

ЕК во април против Будимпешта го активира механизам без преседан, кој ја поврзува исплатата на средствата со почитувањето на владеењето на правото, в недела ќе им предложи на земјите-членки да го суспендираат поголемиот дел од средствата исплатени на Унгарија во рамките на политиката на кохезија. Но, ќе се погрижи да остави излез за Будимпешта: земјата може да ги избегне санкцијата доколку правилно ги спроведе најавените реформи во борбата против корупцијата. Земјите-членки ќе имаат до три месеци да одлучат.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ