• Latest

Еврокомисијата со измени на Директивата за заштита на правата на жртвите

July 12, 2023
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Еврокомисијата со измени на Директивата за заштита на правата на жртвите

July 12, 2023 15:50
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите жртви на насилство ширум Европската Унија заслужуваат поддршка и токму затоа Европската комисија предлага измени во постојната Директива за заштита на правата на жртвите, со цел да се зајакнат нивните права, да им се обезбеди поддршка и пристап до релевантни информации и правда и да добијат отштета, соопшти денеска Еврокомисијата.

Со предложените измени се ажурираат воспоставените правила во Директивата за заштита на правата на жртвите од 2012 година во согласност со потребите на современото општество и развојот на технологијата и правдата.

Со реформите на Директивата, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, треба да се гарантира подобро информирање на жртвите за нивните права и обезбедување на потребните ресурси за да го пријават кривично дело, особено преку воспоставување единствена телефонска линија за помош на жртвите во ЕУ на бројот 116 006, како и активирање на веб-страница за да им се овозможи разговор и електронска комуникација.

– За зајакнување на безбедносните мерки приспособени на специфичните потреби на ранливите категории, како деца, постари лица, лица со попреченост, жртви на насилство од омраза или жртви во притвор, предлагаме подобрување на индивидуалната проценка на потребите за заштита на жртвите со обезбедување таа да започне уште од првиот контакт со властите и да се прошири листата на расположливи мерки за заштита, како на пример наредби за заштита или обезбедување присуство на органи за спроведување на законот, се додава во соопштението.

Европската комисија предлага и обезбедување пристап до специјализирани услуги за поддршка за жртвите, како што е бесплатна психолошка поддршка онолку долго колку што е потребно во зависност од нивните индивидуални потреби.

Натаму се предвидува олеснет пристапот до правдата, со тоа што на жртвите ќе им се гарантира неопходната помош во судовите и ќе им се овозможи оспорување на одлуките на кривичната постапка што ги засегаат нивните права, како и ефикасна исплата на отштета веднаш по пресудата.

– Жртвите треба да имаат право да добијат решенија за исплата на оштетата, како дел од кривичната постапка без потреба од прибегнување кон друга постапка, а државата треба директно да и го плати надоместокот на жртвата, барајќи потоа компензација од сторителот, се посочува во препораките.

Предложени мерки се базираат на евалуацијата на Директивата за правата на жртвите од 2012 година и на Стратегијата на ЕУ за правата на жртвите 2020-2025 година, како одраз на посветеноста на Европската унија за континуирано подобрување на заштитата и поддршката што им се нуди на жртвите на насилство во земјите членки на ЕУ.

По усвојување на измените согласно процедурите во Унијата, земјите членки на ЕУ ќе имаат рок од две години да ги имплементираат во нивните национални законодавства. Исклучок е направен единствено за одредбата за користење на електронски средства за комуникација, за што на земјите членки им се остава рок од четири години за воспоставување на потребната инфраструктура.

Tags: Директивата за заштита на правата на жртвитеЕврокомисијатачовекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ