Поради целосна инвазија на Украина, кршење на меѓународното право и убиства на цивили, Русија мора да биде исфрлена од Советот за безбедност на ОН и да се одземе правото на вето, изјави европратеничката од Германија, Виола фон Крамон-Таубадел.
Германската европратеничка во изјава за Укринформ вели:
-Русија на Путин стана непријателска држава која грубо ги прекрши сите клучни принципи на меѓународното право со инвазијата на Украина и убивањето цивили. Неприфатливо е режим, со такво искуство на убиства, да е сè уште член на Советот за безбедност на Обединетите нации и може да стави вето на клучните резолуции.
-Сите злосторства извршени од Кремљ во Украина, смртта на секој цивил ќе бидат темелно истражени, светот ќе ја осуди Путиновата режимската правда. Во меѓувреме, ние треба да продолжиме да ја поддржуваме Украина со сите средства и да продолжиме да ја изолираме Русија од цивилизираниот свет, сумираше европратеничката.
Д.М.