• Latest
Фото: Архива

Фајненшл Тајмс: Израелската армија ќе се обиде да создаде „хуманитарни енклави“ во Газа без Хамас

July 1, 2024
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ

Фајненшл Тајмс: Израелската армија ќе се обиде да создаде „хуманитарни енклави“ во Газа без Хамас

July 1, 2024 21:14
in ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ
Фото: Архива

Фото: Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Предлогот на израелската армија за создавање „хуманитарни енклави за цивили кои не се поврзани со Хамас“ во Газа наскоро ќе биде применет во неколку населени места на северот на палестинската територија, го пренесува МИА текстот на „Фајненшл тајмс“.

Врз основа на наводниот план, израелските сили засега би биле задолжени за безбедноста, а Палестинците постепено би ја преземале цивилната администрација.

Доколку овој план успее на северот на Газа, Израел би воспоставил енклави и на нејзиниот југ, поставувајќи ги темелите за замена на раководството на Хамас во цела Газа.

Некои од познавачите на планот ги намалија шансите за успех и за британскиот весник изјавија дека Израел веќе испробал сличен метод во различни делови на централна и северна Газа со локалните палестински кланови.

Официјални лица рекоа дека Израел од ноември се обидувал да најде потенцијално локално раководство кое не е поврзано со Хамас, но без успех.

Целта е да се вклучи меѓународната заедница и палестинската управа, која владее на другата палестинска територија, окупираниот Западен Брег, и да се вклучат умерените арапски земји кои дипломатски и финансиски би ја преземале одговорноста за Газа по војната.

Членовите на таа коалиција практично би управувале со „хуманитарните енклави“.

Познавачите на ова прашање рекоа дека има планови за обука на поранешни вработени во палестинската управа во Јордан и на Западниот Брег и дека американскиот потполковник Мајкл Фензел ќе ја преземе одговорноста за безбедноста на енклавите каде што не е Хамас.

Шефот на разузнавањето на палестинските власти, Махед Фарај, веќе идентификувал неколку илјади луѓе кои би можеле да го направат тоа, според ФТ.

На тој план се противат луѓе блиски до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху бидејќи не сакаат да ја прифатат палестинската управа и во Појасот Газа.

Советникот за национална безбедност на Израел, Чахи Ханегби минатата недела изјави дека спроведувањето на планот ќе започне во наредните денови во северниот дел на Газа.

Tags: ГазаенклавиИзраелПалестинаХамас
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ