• Latest

Филипче: Наскоро ќе стигнат новите скапи фактури за кредитот од Будимпешта

September 4, 2024

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Наскоро ќе стигнат новите скапи фактури за кредитот од Будимпешта

September 4, 2024 09:05
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Прес 24 предупредува дека кредитот од Унгарија ќе резултира со сериозни негативни финансиски и политички последици за земјата. Toj изразува сомнеж за транспарентноста и економската оправданост на договорот, посочувајќи на можни коруптивни интереси зад истиот.

„СДСМ ќе ги искористи сите средства да укаже и докаже зошто е ова штетен договор. Аргументите за наводната поволна камата не само што се неточни, туку унгарските медиуми укажаа дека Орбан за сопствени потреби се задолжува со многу повисоки камати. Фактот што Унгарија дава кредит со камати кои самата ги плаќа поскапо, укажува на тоа дека зад договорот стои „огромен политички и корупциски интерес. Оваа Влада планира да се занимава со „крупна корупција“ и дека тоа ќе стане јасно многу брзо“ – вели претседателот Филипче.

Тој вели дека веќе е стигната првата фактура за овој наводно фантастичен договор, најавата за влез на телеком компанија блиска до Орбан, посочувајќи на конкретни примери кои, според него, укажуваат на скриени интереси и договори зад сцената.

„Практично, веќе и стигна првата фактура за овој наводно фантастичен договор, најавата за влез на телеком компанија блиска до Орбан. Па прашањето е што се ќе следува? Да не е брзата пруга? Концесии во бизнисот со снабдување со нафтени деривати? Допрва ќе видиме какви услови ќе им се дадат на инвеститорите и што се крие зад целиот договор“ – вели претседателот Филипче.

Тој истакнува дека СДСМ има обврска да ги изложи сите последици од овој договор и најави дека многу конкретни информации ќе бидат презентирани на собраниската говорница. „СДСМ има обврска јасно да укаже на сите последици од овој договор. И многу конкретни сознанија ќе бидат предочени токму од собраниската говорница,“ рече тој, повикувајќи на брзо доставување на законот во Собранието, со цел истиот да биде разобличен.

ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски е бледа копија на она на Груевски

Филипче жестоко го критикува актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, нарекувајќи го „бледа копија“ на партијата од времето на Никола Груевски. Според Филипче, главната разлика помеѓу сегашното и минатото раководство на партијата е само во името на претседателот, додека сè друго е непроменето.

„Се појасно станува дека во ВМРО-ДПМНЕ единствената промена е што сега не е претседател Груевски туку Мицкоски. Сè останато е пресликано како под индиго. Добивме една бледа копија на ВМРО-ДПМНЕ од пред десет години, со далеку понеспособни кадри,“ изјави претседателот Филипче, алудирајќи на неспособноста на новите кадри во партијата да понудат нешто ново и различно.

Тој предупредува дека овој модел на владеење, според него, ќе ги потисне интересите на граѓаните во полза на малку луѓе околу врхушката на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е власт која ќе креира политики само за себе и подобните граѓани за ВМРО-ДПМНЕ, а сите останати ќе бидат неважни. Власт која ќе ги држи граѓаните во постојан грч и страв, со дневна пропаганда на поделби, непријатели и дестабилизации. Веќе видено сценарио,“ вели претседателот Филипче, нагласувајќи дека овие политики се рецидиви од минатото.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ нема да работи за подобрување на стандардот на граѓаните, туку само за интересите на одредени поединци и групи кои ќе имаат единствена задача да обезбедуваат гласови на избори.

„Ова ќе биде власт која нема да го подобрува стандардот на граѓаните туку на поединци и групи. Тие поединци и групи ќе имаат за задача да обезбедуваат гласови на избори и тоа е сè што го интересира ВМРО-ДПМНЕ,“ додаде тој.

Претседателот Филипче изрази жалење за недостатокот на каква било позитивна промена во ВМРО-ДПМНЕ.

„Навистина жалам што нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, жалам што не гледаме едно ново модерно владеење, со научени грешки од минатото,“ заклучи тој, повикувајќи на потребата од модернизација и промена во политичката сцена.

Инаку вчера на владина седница помина законот за кредитот од Унгарија, јави Владата. /МИА

Tags: ВМРО-ДПМНЕкредитМицкоскиСДСМУнгаријаФилипче
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ