• Latest

Филипче: Се зголемува бројот на заразени, следат критични недели

August 14, 2021

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче: Се зголемува бројот на заразени, следат критични недели

August 14, 2021 13:40
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

“Бројот на новодијагностицирани, но и бројот на пациенти, генерално во државата, во последните денови, нагло расте. Ако ја гледаме динамиката со којашто бројот се зголемува, може да кажеме дека следуваат неколку недели во кои ситуацијата може да биде навистина критична”, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, кој денеска беше во посета на Општата болница во Охрид.

 

Филипче кој изјави дека бројот на новодијагностицирани и хоспитализирани со КОВИД-19 нагло расте, во Охрид, разговарал со директорите на Општата болница во Охрид и Центарот за јавно здравје за состојбата со болни од КОВИД-19, за подготовката на капацитетите и евентуалниот прием на болни од други градови.

Министерот уверува дека иако во следните недели ситуацијата може да биде критична, здравствениот систем е подготвен за новиот бран. Потенцира дека вакцинацијата е безбедна, ефикасна и ефективна, а како факт посочува дека само десет проценти од вкупно 3497 новодијагностицирани во последата седмица се вакцинирани со една или со двете дози вакцина против КОВИД.

Зголемување на бројот на новодијагнностицирани и на хоспитализирани пациенти особено има во Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово.

”Тука се исполнуваат инфективните одделенија, дел од пациентите се префрлуваат во Скопје. Клиниката за инфективни болести е пополнета со овие пациенти и со дел од пациенти кои се дијагностицирани во Скопје. Сега, се активираат останатите ковид – центри. Системот е подготвен, лекарите во тимовите за ротација. Подготвени сме да го дочекаме притисокот од овој бран”, вели Филипче.

Според него, анализата покажува дека е посебно голем бројот на новодијагностицирани во градови каде што е мал опфатот со вакцинацијата, односно е околу 20 до 23 проценти. Во Охрид, опфатот со вакцианција е 50 проценти и во моментот има помалку од десет хоспитализирани пациенти.

“Во разговорот со директорите костатиравме дека е мал бројот на пациенти кои се јавуваат на преглед и кои имаат индикација за тестирање. Од вкупно 3497 пациенти кои се дијагностицирани изминатите седум дена, 3047 се невакцинирани, што значи дека само десет проценти се вакцинирани и се позитивни и тие кои се во болница на лекување имаат прилично стабилна состојба. “Дополнително”, вели Филипче,”охрабрува тоа што од вупниот број вакцинирани во земјава, од околу 400.000 ревакцинирани и околу 500 илјади со прва доза, само 0, 002 проценти се заразиле”.

-Ова укажува дека само оваа популација е прилично сигурна и обезбедена. Тоа е доказ дека вакцината е безбедна, дека тие граѓани немаат никакви компликации, истакна Филипче.

М. Ј.

 

Tags: КОВИД-19
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ