Денешната фотографија на денот е од метрото во Лондон, Англија, објавена на Фејсбук страната Meanwhile in Canada
.На постерот сликан во лондонското Метро пишува: ОМРАЗАТА НЕ ПРОДАВА. ПРАШАЈТЕ ГИ ВО ТЕСЛА.
Акциите на Tesla значително паднаа во 2025 година и се приближуваат до пад од 50% од највисоките нивоа на сите времиња. Излегува дека луѓето кои купуваат електрични автомобили имаат тенденција да не ги сакаат нацистите. Многу други електрични автомобили за избор. Тесла се „зготвени“ со фЕлон на кормилото.
БОНУС ФОТОГРАФИЈА
На социјалите мрежи се споделува фотографија на која девојка облечена во одело држи транспарент на кој пишува: Дали Русите ќе престанат да убиваат Украинци доколку сите носиме одела.
The answer is NO. pic.twitter.com/82y8S2fyhr
— Ukraine Front Line (@EuromaidanPR) March 5, 2025
Транспарентот реферира на прашањето на новинар во овалната соба упатено до Володимир Зеленски „зошто не носите одело“, за време на жестоките вербални нападо на американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот ЏД Венс врз украинскиот претседател.
Драган Мишев