Божиќ во Кијив, Украина, ноќта помеѓу 24 и 25 декември, 2022 година. Фотографијата е од холандскиот новинар Давид Јан Годфроа.
Како што објави ЦивилМедиа, на Божиќ, во Кијив и во други украински региони се слушнаа бројни сирени за воздушен напад. Рускиот агресор не престана со таргетирање на цивилите и цивилната инфраструктура дури ни на најголемиот христијански празник.
Од фотографијата се гледа дека бестрашните граѓанки и граѓани на Кијив го слават Божиќ на отворено, наспроти страотната закана од руските ракети и дронови.
Фотографија: David Jan Godfroid