• Latest
Фото: Викимедија

Француските маринци отворија оган врз пет дронови над строго чувана нуклеарна база

December 5, 2025

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Француските маринци отворија оган врз пет дронови над строго чувана нуклеарна база

December 5, 2025 19:19
in ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Викимедија

Фото: Викимедија

Share on FacebookShare on Twitter

Француските маринци денеска отвориле оган врз пет неидентификувани дронови кои прелетале над базата Île Longue во Бретања, еден од најчуваните воени објекти во Франција и централна точка на нејзиниот нуклеарен одбранбен капацитет. Инцидентот, кој се случил попладнево, го потврдија регионалната жандармерија и Министерството за одбрана, објави Euronews.

Безбедносните сили задолжени за базата веднаш ги активирале протоколите за одбрана од беспилотни летала и испукале неколку рафали кон дроновите. Засега не е познато дали некој од нив бил погоден. По интервенцијата била покрената широкa акција за пребарување на подрачјето.

Базата Île Longue е дом на четирите нуклеарни балистички подморници на Франција – Le Triomphant, Le Téméraire, Le Vigilant и Le Terrible – кои ја формираат основата на националниот нуклеарен одвраќачки потенцијал. Најмалку една од нив постојано патролира во океаните како дел од стратегиската одбранбена доктрина.

Министерката за одбрана, Катрин Вотрен, го потврди пресретнувањето, но не откри детали за употребените мерки. „Секое прелетување над воен објект е строго забрането. Сакам да ја пофалам реакцијата на нашите сили на базата Île Longue“, изјави таа.

Регионалните власти наведоа дека критичната инфраструктура не била загрозена. Воениот обвинител во Рен денеска ќе отвори формална истрага за инцидентот. Министерството за одбрана сè уште нема објавено информации за потеклото на дроновите или можните одговорни актери, повикувајќи се на безбедносни протоколи.

Инцидентот претставува ескалација во однос на претходните неовластени прелетувања во регионот. Во средината на ноември беа забележани дронови над полуостровот Крозон, но тие не влегле во воен воздушен простор. Европските држави во последните месеци регистрираа пораст на мистериозна активност со беспилотни летала, кои во неколку случаи доведоа до затворање аеродроми или беа детектирани во близина на воени објекти.

Паралелно со тоа, Русија е инволвирана во повеќе повреди на воздушен простор на ЕУ, меѓу кои и инциденти во Естонија и Полска.

Tags: дроновинуклеарна базаФранција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ