Агон Ферати, потпретседател на Движењето за реформи во ДПА, присуствуваше на дискусијата „Плурализмот и политичката криза“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Неговиот став е дека нема услови за слободни, фер и демократски избори на 5-ти јуни.
[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=YHbDIr5v8Rg[/youtube]
„Последиците кои може да ги трпат граѓаните, ако не се спроведат минималните реформи за подигање на претставувањето и демократијата се големи. Треба да има и внатрепартиски реформи, за претставниците достоинствено да ги претставуваат граѓаните. Моделот со 6 изборни единици и полтронството кон лидерите на партиите и не гарантираат ниту внатрепартиски реформи, ниту реформи на државно ниво“, истакна Ферати, од ДР ДПА.
Настанот се одржува во рамките на проектите „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“, поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија и „Напред!“ – проект за изборен мониторинг, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.