• Latest

Фрчкоски: Путин ја обедини Европа

March 7, 2022
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Фрчкоски: Путин ја обедини Европа

Проф. д-р. Љубомир Фрчкоски, со Указ на Претседателот Стево Пендаровски, стана македонски Амбасадор во Обединетите Нации. Нашата држава веќе неколку години нема амбасадор во ОН. Во меѓувреме, земјава доби поинаков статус во светската организација, каде што сега е заведена под новото име Република Северна Македонија, наместо референцата ПЈРМ (FYROM).

March 7, 2022 11:59
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во интервју за Фронтлајн, новоназначениот амбасадор во ОН, проф. д-р Љубомир Фрчкоски говори за значењето на ОН за нашата земја. Тој смета дека мултилатералата е исклучително важна за малите држави како нашата, бидејќи она што не можат да го направат во билатералните  релации, можат да го постигнат токму со вмрежувања во меѓународните организации каква што е ОН.

„Видливоста на земјата е императив, и нејзината можност да влијае и дека се држи до принципи. Од овој аспект Македонија има добар рејтинг. Таа секогаш играла по правила, од 1991 па наваму. Никогаш не сме притискале некого во регионот, туку сме биле жртва на притисоци. Македонија се избори дека е играч по правила, дека има принципи и во рамки на ОН и на ЕУ“, вели Фрчкоски.

Фрчкоски говори и за актуелната воената ситуација во Украина и безбедносно-политичките последици од неа во регионот на Западен Балкан.

„Путин со неговата стратегија на сила и ароганција наспроти очекувањата дека ќе ја подели и блокира Европа како жаба пред змија и земјите на ЕУ ќе се поделат, тој ја обедини Европа. Напротив, се случи обратното, се случи неверојатно единство кое гори сѐ пред себе. Не се само санкциите, туку целокупната руска спортска јавност е тргната на страна, културата е доведена во прашање, но за сето тоа е виновен Путин, а не ЕУ. Тој сериозно го наруши рејтингот на Русија како културна оаза во литературата, театарот, музиката…“

Проф. Љубомир Фрчкоски (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Според анализата на идниот Амбасадор во ОН, евентуалниот успех на Путин би бил девастирачки за европските вредности, но и девастирачки за регионот на Западен Балкан. Тоа, како што вели Фрчкоски, ќе има влијание не само разузнавачки и воено, туку авторитетот на таквата операција ќе ги откопа старите рани на илибералните режими во Западниот Балкан кои немале демократска традиција.

„Европскиот однос со Русија, барем со овој режим на Путин, е симнат под граница по која нема враќање. ЕУ не може да се врати ниту на некакви толерантни односи со Русија после ова. Јазот ќе остане жесток. Тоа значи дека ќе се врати една супер ладно-воена ситуација меѓу нив, односно меѓу нас и Русија. Оваа супер ладно-воена ситуација значи дека ќе бидат подигнати сите разузнавачки и контраразузнавачки линии. Кај нас ќе бидат дигнати сите проруски кртови што спиеле досега. И така ќе биде по целиот регион. Тоа е реакција и логика на КГБ размислувањето. Ќе се врати нешто што тие посакуваат, а тоа е таа ладна воена ситуација и поделба на зони на влијание, значи, вие сте таму преку ровот.  Тоа е враќање на една реторика која беше заборавена“.

Проф. Љубомир Фрчкоски (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

ЕУ која од секогаш се залагала за мирно решавање на конфликтите, за прв пат во својата понова историја донесе одлука воено да ѝ помогне на Украина. Сега е прашање кој ќе биде миротворецот.

„Сега ситуацијата е значително променета. Имаме агресија на една земја врз друга независна земја со што се загрозуваат сите темели на европската архитектура како што се суверенитетот на државите, владеење на правото, човекови права… Вие и сега можете да реагирате на вашиот гандиевски начин, но ќе процените дека вие можете да бидете следната мета. А тоа можат да бидат Балтичките земји, Молдавија, Западниот Балкан. Ние бевме во основа незадоволни од тој став на ЕУ затоа што имаше реторички пристап со кој своите вредности не беше силна да ги брани, туку одеше со компромиси кои понекогаш ги плаќаа малите држави како нас. Ние очекувавме, поради нашата политика да бидеме наградени, а бевме оставани на страна да се докажуваме и докажуваме. Имавме и ризични позиции кога дојдовме до авторитарен режим на Груевски 11 години, па и тоа го поминавме. Сега поради Бугарија Владата ќе паднеше на локалните избори итн. Ваквиот одлучен став на ЕУ може да биде добар за нас, затоа што го менува својот однос кон сопствените вредности“, рече Фрчкоски.

Целото интервју со новиот македонски амбасадор во ОН, проф. д-р Љубомир Фрчкоски, може да го прочитрате на Фронтлајн.мк.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ