Categories

ЖЕШКИ ТЕМИ Гаши и Кекеновски ќе дебатираат за името

Африм Гаши од БЕСА и Јове Кекеновски од ФРОДЕМ ќе дебатираат за спорот со Грција за името на Република Македонија, денеска, 23 мај 2018, во хотел Сити Парк, со почеток во 12 часот. Дебатата е дел од серијата мултимедијални настани на ЦИВИЛ под заеднички наслов „­Перспективи 2.0“ која започнува денеска.

„­Перспективи 2.0“ е серија мултимедијални настани на ЦИВИЛ со панел дискусии, изјави, интервјуа и презентации посветени на општествените и политичките трендови во Македонија. Во „Перспективи 2.0“ ќе говориме за постигнувањата, неуспесите и предизвиците кои се пред нашата земја до крајот на оваа година. Воедно, ќе отвориме нови теми или постојните ќе се разгледаат од ЦИВИЛен агол.

Како и секогаш, ЦИВИЛ ќе ја искористи можноста за средби и разговори со заинтересираните граѓанки и граѓани и претставници на граѓанското општество кои се заинтересирани за соработка со ЦИВИЛ.

Перспективи 2.0 ќе трае до 5 јуни, речиси секој работен ден, на различни локации. За програмата и другите содржини поврзани со оваа нова серија настани, следете ги објавите на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Програмата е флексибилна и отворена за сугестии и учество. Хаштаг на настанот е #ПерспективиМК.

Print Friendly, PDF & Email