• Latest

Гацов: Парите што пензионерите ги бараат сега, ќе ги отплатуваат нивните внуци во иднина

August 15, 2023

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Гацов: Парите што пензионерите ги бараат сега, ќе ги отплатуваат нивните внуци во иднина

August 15, 2023 18:59
in АНАЛИЗИ, ИНТЕРВЈУ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Даночниот експерт Павле Гацов е дециден во тврдењето дека барањето за линеарно зголемување на пензиите нема економска логика. Потсетувајќи дека пензијата не е социјална туку економска категорија, чија висина зависи од уплаќаниот придонес за време на работниот стаж, Гацов во обид да ја ислустрира неоправданоста на ваквото барање на пензионерите, поставува контра прашање за правото на осигурениците од Вториот пензиски столб.

Дали има логично оправдување осигурениците во приватните пензиски фондови да добиваат иста исплата без оглед колкав придонес уплатувале! Имено, да уплатуваат симболично, но да добиваат солидарно од прибраната маса на пари од сите осигуреници (повеќе од уплатата).За вакво постапување економско оправдување нема. Истото правило важи и за осигурениците во државниот пензиски фонд, вели Гацов за Локално.

Главниот виновник за малите пензии според него е малата маса на уплатен социјален придонес за времетраењето на работниот стаж на пензионерот но и востановената практика на плаќање придонеси од страна на работодавачите.

Во пракса се плаќа придонес за ПИО на минимална плата, се плаќа точно 15 години и се одјавуваат работниците, зашто ги исполниле минималните законски услови… се пријавуваат работниците на скратено работно време за да се плати и половина од минималниот износ на придонесот …Кои се ефектите од ваквото постапување? Додека биле во работен однос трошоците за придонесот за ПИО биле минимални за сметка на нето платата на вработените или компаниската добивка… но кога треба да се користи бенефитот од уплатениот придонес за ПИО тогаш се бара од масата пари на Фондот за ПИО кој и така дефицитно се финансира, заради недостатокот на тековни приходи, бројот на пензионери и висината на пензиите, објаснува Гацов.

По низата протести на дел од пензионерите, доколку дојде до неоправдано зголемување на пензиите, Гацов не ја исклучува можноста од зголемување на даноците.

Да не се заборави дека Фондот за ПИО и понатаму дефицитно се финансира, односно се врши негово капитализирање преку буџетот на товар на даноците и другите јавни давачки што ги плаќаат сите граѓани. Ако дојде до економски неоправдано зголемување на пензиите, ќе се зголеми дефицитното финансирање од буџетот, што за ефект ќе има зголемување на даночниот товар за сите граѓани, односно зголемување на дефицитот и јавниот долг, што повторно ќе доведе до одложено зголување на даноците. Со ваквата поврзаност на јавните финансии, парите што ги бараат пензионерите за своите внуци сега, ќе ги отплатуваат нивните внуци во иднина, дециден е Гацов.

Според него не смее да се заборави дека државата пропишала најнизок износ на пензија кој се дотира од парите собрани од сите работници но пропишала и највисок износ на пензија, за да остануваат пари во Фондот токму за дотирање на најниските пензии.

Според Законот, пензијата се усогласува (зголемува) на 1 март и на 1 септември секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Македонија во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи.

Извор: Локално

Tags: буџетлинеарно зголемувањепензии. ПИО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ