• Latest
фото: Џабир Дерала, ЦИВИЛ

Герасимовски: „Комунална хигиена“ нема капацитет, спремаме кривични пријави за нечистењето на сметот

June 4, 2025

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Герасимовски: „Комунална хигиена“ нема капацитет, спремаме кривични пријави за нечистењето на сметот

- Нема ниту стратегија како да се селектира и рециклира сметот како што тоа е во европските држави. Мора да се има таков план, таква стратегија – како ќе се врши селекцијата, во кои денови ќе се отстранува сметот од домаќинствата.

June 4, 2025 12:50
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
фото: Џабир Дерала, ЦИВИЛ

фото: Џабир Дерала, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

„Сметот претставува грда слика за самите граѓани, но и за туристите кои го посетуваат центарот на градот. Истото ги засега и другите општини. Ова е навистина крајно сериозно – недозволиво е ова во 21 век. Со години наназад правиме притисок, апелираме до Јавното комунално претпријатие редовно да го чисти сметот. Граѓаните се колатерална штета, а плаќаат за таа услуга. Преку сметката за водовод плаќаме и за управување со сметот. Недозволиво е градот, односно комуналното претпријатие, да не ги завршува своите работи на време. Доаѓаат топли денови, летен период, се шират зарази и јас, како градоначалник, и мојот тим отпочнуваме со порaдикални мерки. Подготвуваме кривични пријави до комуналното претпријатие по неколку члена за заштита на животната средина и дополнително бараме законски измени во тој домен“. Ова го потенцираше градоначалникот Горан Герасимовски во дебатната емисија „Објектив“ на МРТ.

Герасимовски истакна дека Општината има 110 хигиеничари кои се постојано на терен, но доколку Градот Скопје не си ја завршува својата работа и остава преполни контејнери кадешто кучиња скитници го разнесуваат ѓубрето по улиците се прави огромна штета.

„Ние собираме колку што можеме околу контејнерите затоа што една општина нема такви возила за да може да го отстрани сметот од контејнерите, но собираме колку што можеме. Трошиме средства, време и ресурси, а дополнително сето тоа што ќе биде собрано, плаќаме за да го депонираме во Дрисла. Сето тоа ни прави огромен проблем и редно време е да се најде решение. Ќе повторам: сè ова што ни се случува е терор врз граѓаните, не само врз Општина Центар, туку и врз сите граѓани на територијата на градот Скопје. Дополнително, подготвуваме законски измени да ги преземеме ингеренциите. Ние еднаш веќе ги побаравме, но тоа се закочи, па подготвуваме предлог-законски измени да се трансформира јавното комунално претпријатие и секоја општина да преземе, ако треба, и дел од вработените, но и механизацијата. Сигурен сум дека ќе имаме подобри резултати и нема да дозволиме граѓаните да живеат во вакви услови“, истакна Герасимовски.

Во емисијата, Герасимовски рече дека јавното комунално претпријатие нема капацитет, има стара механизација, а тоа е само еден од проблемите.

„Нема ниту стратегија како да се селектира и рециклира сметот како што тоа е во европските држави. Мора да се има таков план, таква стратегија – како ќе се врши селекцијата, во кои денови ќе се отстранува сметот од домаќинствата. Ние правиме акции за собирање кабаст отпад и апелирам до граѓаните да ги почитуваат тие акции и да се однесуваат согласно со нив, а не да фрлаат покрај контејнерите кога ќе им текне. Исто така, дадовме насоки за локалите и почнавме со ригорозни мерки да направат договор со лиценцирани компании за селектирање и отстранување на отпадот од локалите, каде што се прави дополнителен хаос со тоа што сметот се фрла во контејнерите кои се во близина на тие угостителски објекти“, посочи Герасимовски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ