• Latest

Глас на Америка: Кинеското влијание во Северна Македонија – ретка тема во македонските медиуми

September 24, 2024

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Глас на Америка: Кинеското влијание во Северна Македонија – ретка тема во македонските медиуми

September 24, 2024 13:36
in АНАЛИЗИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Кинеското присуство во Северна Македонија започнува во 2011 година, со учество во кинеската иницијатива „Појас и пат“, но, сиве овие години медиумите не се многу заинтересирани за критички поглед на тоа присуство. За ова разговаравме со новинари и експерти кои за Гласот на Америка ги изнесоа своите гледања.

Ова е новинарот Џабир Дерала, основач и главен и одговорен уредник на медиумската платформа ЦИВИЛ.

„Имате иницијатива за глобален развој, има иницијатива за глобална безбедност итн. и ние сме дел од тоа. Дали тоа сакаме да го препознаеме или не, дали сакаме тоа да го гледаме како беневолентно или малигно влијание – тоа се повеќе политички позиции. Ние впрочем во регионот на Западен Балкан сме држава која е на второто место по висина на надворешниот долг. Замислете, ние не сме најголема земја, а најмалата земја во регионот, Црна Гора, пак има највисок процент на надворешниот долг од 40 отсто, следиме ние со 20 отсто“, вели новинарот Џабир Дерала.

Дерала смета дека странските влијанија, особено од Русија и Кина, во Северна Македонија се канализирани преку Србија.

„Се работи за тоа дека Србија со „Хуавеј“ и со Кина има одамна потпишан договор за инсталирање на 8.000 камери само во Белград кои се со можност за препознавање (на лица). Исто така, преку „М-тел“, српскиот телекомуникациски провајдер, (Кина) влезе во Македонија пред неколку години, тоа е исто така канал за продор на кинеските интереси, меѓутоа само еден мал (дел). Ние како држава веќе имаме поголем број проекти кои се однесуваат на „Патот на свилата“ или иницијативата „Појас и пат“ и тука имаме сериозен проблем. Зошто? Заради (влијанието на) демократијата и демократскиот развој“, додаде тој.

Главниот и одговорен уредник на новинската агенција „Мета“, Горан Ризаов, вака го објаснува влијанието на Кина и игнорирањето на тоа влијание од страна на македонските медиуми:

„Повеќе македонски медиуми имаат директна соработка со кинеската амбасада овде. Една национална телевизија ја емитува познатата кинеска емисија „Нихао“. Има и еден дневен весник кој што секој викенд има прилог посветен специјално на Кина. Кинескиот амбасадор е доста присутен со интервјуа и со колумни во различни медиуми и исто така многу од онлајн медиумите имаат соработка со Кина, поради тоа многу ретко можете да прочитате некаква критика за кинеската држава во македонските медиуми. Значи, идејата на Кина е да ко контролира наративот кој што се однесува на оваа држава“, изјави Горан Ризаов, главен и одговорен уредник на новинската агенција „Мета“.

Кинеските погледи и активности генерално се прикажуваат во позитивна светлина. Кинезите се претставуваат како работлив, технолошки поткован и снаодлив народ, вели Ризаов. Преку споделување на видеа, мемиња и содржини на социјалните мрежи се спроведува голем дел од пропагандата на комунистичката држава, вели тој.

„Во Кина подолго време на власт е комунистичката партија и таму грижата за човековите права е на многу ниско ниво, особено за правото на говор или слободата на печатот. Таму има голем дел на новинари кои што се затворени. Самите медиуми се под целосна државна контрола. Речиси и да нема слободни медиуми во Кина. Но, за тоа нема да читате во македонските медиуми“, објаснува Ризаов.

За доминацијата на кинеската пропаганда во македонските медиуми и пошироко во регионот, потврдува и специјалистката за релациите Кина – Европска Унија – Западен Балкан, Ана Крстиновска.

„Србија има најголем извоз кон Кина. Неодамна потпишаа договор за слободна трговија, имаат најмногу кинески директни инвестиции вклучително и гринфилд инвестиции меѓутоа сето тоа се должи на своевидна награда од Кина кон Србија затоа што Србија од своја страна, пак, ги штити интересите на Кина на Балканот и во Европа. Ги застапува односно се усогласува со кинеските позиции во меѓународни организации, преку српските, пред се` провладини медиуми, кинеската визија за светот и нејзините идеи за промена во глобалното уредување продираат насекаде не само во Србија, заради тоа што и ние, и во Босна и во Црна Гора, се гледаат тие српски медиуми и Кина прави нешто што ние го нарекуваме позитивна условеност, односно ја наградува Србија за нејзината политичка посветеност со економски придобивки“, вели претседателката на „Естима“, Ана Крстиновска.

Новинарите и експертите се согласни за ризикот дека економската зависност на Северна Македонија кон Кина може да биде искористена за политичките цели на Кина, што не се линија на националните стратешки интереси.

Глас на Америка

Tags: Кинакредитно ропствоМедиумипропагандаСеверна Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ