УТРИНСКИ КОЛУМНИ
Но, унгарската почесна конзулка – за чиј своевремен избор и на чело на една од стопанските комори, не е тајна, „одработи“ администрацијата на сегашниот бегалец во Будимпешта – на пет-шест дена од гласањето во вториот круг од изборите за Скопје сега е персонално вовлечена во контроверза што директно задира во нејзиниот морално-политички кредибилитет. Имено, не е страшно кој било граѓанин на Македонија да има и друго, секако и бугарско државјанство, но е нечесно и политички некоректно – и воопшто, а и заради познатите собитија во актуелните македонско-бугарски односи – тоа да не ѝ се соопшти на јавноста пред започнувањето на кампањата за избор на една од најважните политички функции во државата, онаа на чело на Скопје, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски „ Ќе ја потопи ли Данела и ВМРО-ДПМНЕ?”.
ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ЗЕЛЕНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ“
Денеска се одржува „зелената“ конференција под наслов „Зелено општество за сите“ во организација на ЦИВИЛ. Ќе се говори за зелените вредности, антинационализмот, социјалната правда, медиумите и дезинформациите. Се работи за годишна конференција за зелените вредности што се одржува веќе пет години по ред на крајот на октомври. Овогодишното издание на конференцијата ќе се одржи денес, четврток, 28 октомври, со почеток во 12 часот, хотел „Парк Резиденс“ (зад фудбалскиот стадион), сала „Њујорк“.
ВАЖНИ НАЈАВИ И АКТИВНОСТИ НА ЦИВИЛ
МОНИТОРИНГ на www.civilmedia.mk за да се информираат навремено за сите активности во кои има простор за нивно учество.
ПРОДУКЦИЈА Тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА ќе имаат голем број средби и интервјуа со кандидатките и кандидатите на локалните избори.
АНГАЖМАН ЦИВИЛ е отворен за соработка и за ангажирање на новинар(к)и и асистент(к)и на проекти – до крајот на декември. Потребно е да се испрати биографија и мотивациско писмо на [email protected].
НАСТАНИ
ПРЕЗЕНТАЦИЈА: Во Дирекцијата на ТИРЗ денеска ќе се одржи средба на министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски со новинарите на која ќе информираат за начинот на функционирање на новиот Стратешки зелен инвестициски фонд на ТИРЗ за поддршка на инвестиции, креиран во рамки на Планот за забрзан економски раст на Владата што го подготви Министерството за финанси.
ПРОЕКТ: Во Скопје денеска ќе биде промовиран проектот „Развој на партнерства помеѓу граѓанското општество и бизнис секторот“, при што ќе бидат презентирани постигнатите резултати, како и можноста за сертификација преку остварување на критериумите во поглед на заштитата на потрошувачи во одредена област.
ФОРУМ: Во Битола денеска и утре се одржува Трет Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО. Темата на форумот е „Креативните индустрии – мост на иднината меѓу културата и креативната економија, Ковид-19 предизвици“.
АКЦИЈА: Во Општина Карпош денеска ќе ја спроведе традиционалната крводарителна акција која се организира во пресрет на Денот на Општината – 3 Ноември.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев