• Latest

Голубовска: „Ни требаат црвените синдикати, да ја водат битката на улица!“

June 14, 2017
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Голубовска: „Ни требаат црвените синдикати, да ја водат битката на улица!“

June 14, 2017 15:50
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Во наредниот период треба да расчистиме со расфрлањето на зборовите: еднаквост,  социјална правда и правда – како термини. Со нивната кохезија во општествениот живот и со тоа, како се рефлектираат врз некоја индивидуа, еве, на пример, во село Псача, кривопаланечко. Дали тоа допира до тој човек или не?!“, порача граѓанската активистка Јасмина Голубовска, во своето излагање како панелистка на конференцијата „Општество без граници“ што вчера се одржа во организација на ЦИВИЛ-Центар за слобода, во хотелот „Сити парк“ во Скопје.

„Верувам дека најголема поддршка треба да има од независните синдикати, зашто во оваа држава немаме поим што се работнички права. Оттука, не ни може да зборуваме за социјална правда, затоа што ако човекот не е информиран како да се бори, како да ја надмине таа бирократска бариера, не можеме ништо да направиме. Ни фали едукација во тој дел… Живко Митревски ја уништи целата држава. Тоа не се ни жолти синдикати. Тие се класика: кафеави синдикати! Тие се екстремни, како црево врзано за извршната власт. Ни требаат црвените синдикати, ни треба тие да ја водат битката на улица за секој од нас, зашто нема социјална правда! Нема социјална правда ако 1% од населението живее со милионски суми на банкарското конто, а сите 99%, живеат со по 200 евра или по 2 долари на ден, имаме правено и истражувања на таа тема“, поентираше Голубовска.

„Да не ја заборавиме една категорија граѓани, коишто 12 години, ако не и повеќе, се на улица, а тоа се стечајците. Ако некому треба да се реши некој проблем, не е екстерното образование, тоа се стечајците. И да завршиме со тоа. Иако луѓето, повеќето од нив, умреа од болести во текот на овие години протестирање, ако ништо друго, им должиме едно големо извинување како општество, без разлика кој бил виновник за нивната ситуација. Сите ние, меѓу другото, да им вратиме за она што го создавале претходно и да сфатиме дека така одат работите. Оние коишто граделе претходно не смеат да бидат заборавени од оние коишто доаѓаат во идните генерации, коишто ги користат работите оставени, во функција на граѓанското општество да бидат искористени“, рече Голубовска на конференцијата „Општество без граници“.

Камера: Атанас Петровски и Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента

[divide]

Изјавата е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

 

Tags: „Општество без граници“граѓанска активисткаЈасмина Голубовскаработнички правасиндикатисоцијална правдастечајциЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ