• Latest

Горан Бабиќ или – човекот без земја

May 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Горан Бабиќ или – човекот без земја

(IN MEMORIAM) За мојата генерација тој беше и остана ненадминат уредник на загрепското „Око“, неделник за култура и тоа во времето на „храбриот, млад свет“. Беше еден од оние кој најдолго па и до смртта одбиваше да се определува по национална основа и така остана осамен на некаков постјугословенски „робинзонски остров“

May 4, 2026 07:49
in КУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Љубомир Костовски

Неколку дена пред Први Мај, на 26 април, на 82-годишна возраст, премина Горан Бабиќ. За мнозинството од читателите тој е или непознат или заборавен лик, или за замислената трета групација беше уметник кој постојано се бореше со онаа поделба на некогаш единствениот јазик; за таков имено прогласен на еден од многуте средби на српските и хрватски писатели, па не му беше јасно дали е хрватско-српски автор или е пак српско-хрватски?

Да, многумина напишаа дека починал последниот Југословен иако секако има повеќе такви автори и интелектуалци кои биле во таа категорија на носталгичари.

Своевремено и за починатата актерка Мира Фурлан се говореше со придавката „последна“, со таа разлика што таа замина од земјата што се распадна (доживеа дисолуција, би рекле политичарите) во Америка, за да го вкуси горчливиот холивудски леб, додека Бабиќ остана да се прпелка во некои островчиња на подносливост кои како партали изникнуваа овде-онде во некогашната земја која беше одвај доволно широка за тој да се чувствува комотно. Со други зборови остана да живее како автор без земја, чувствувајќи многу непријатности како „конечно неопределен“.

Бабиќ е роден на островот Вис. Татко му е Херцеговец од долината на Неретва, мајка му е белграѓанка. Се школувал во Загреб и таму стана познат како главен уредник на елитниот „Око“, магазин кој навистина креираше плодна уметничка дебата, која се држеше до дијалозите што го мачеа светот во тој миг а како репер на „храбриот млад свет“ една одредница со која беше своевремено лансиран белградскиот ФЕСТ, смотра на филмови која ги донесе врвните имиња на седмата уметност во Југославија. За БИТЕФ да не говориме.

Печатен на лоша хартија, илустриран на еден авангардно ликовен начин „Око“ беше „тједник“, но не познаваше граници што започнаа да се воспоставуваат уште некаде во тоа време кога се јави маспокот во Хрватска. Пред тој наплив на „родољубност“ отскокнуваше, бидејќи, не даваше простор за таквите „гибања“ во општеството.

Дури и ВИ го препознава неделникот како „култен загрепски неделник за културни, социјални и политички прашања што се издаваше од 1970-тите до почетокот на 1990-тите. Беше познат како весник кој, и покрај социјалистичкиот контекст, често нудеше простор за плурализам на мислења и квалитетни културни теми“.

Јас користам ВИ, не заради тоа што сум нејзин љубител, туку затоа што тоа е начин да направам дистанца од нападите што секако уште со оваа претходна реченица ќе се појават во разни кругови и кај нас.

Еве ги клучните карактеристики на неделникот „Око“ според ВИ:

Профил – неделникот се фокусираше на културата, уметноста, литературата, но и на анализата на општествените настани.

Значење – Се сметаше за еден од најважните културни весници во Загреб и тогашна СР Хрватска.

Автори – Многу истакнати интелектуалци, писатели, критичари и новинари пишуваа за Око. Во споредба со строго партиските списанија, честопати опфаќаше чувствителни културни теми. Денес, неделникот Око се смета за важен дел од историјата на хрватското новинарство и културно производство. Често може да се најде во архиви како што е Националната и универзитетска библиотека во Загреб за истражување на културните настани од тој период.

Добро, ВИ е сепак сувопарна за да почувствува на каква крстосница е создаван „Око“ и кои му беа непријатели. Впрочем тој беше напаѓан од официјалната политика дека е премногу лево (значи 68-аш) а во Загреб имаше само еден политичар кој го штитеше – Стипе Шувар, а кој, исто како него, не го почитуваа во целата федерација, бидејќи неговата просветна реформа се гледаше веќе од многу тесно национални позиции. И тоа доста кажува за Бабиќ и неговиот неделник.

Проблемот стана повеќе од сериозен, опасен во буквална смисла кога почна распадот на федерацијата. Во Мостар го немаше мостот и таа веќе дава јасна слика дека Неретва е река што длабоко ја поделува таа земја. Од овој град освен неговиот татко е и неговата прва сопруга. Во Хрватска беше веќе сметан за непријател („Око“ престана да излегува дури во1991 година) а кога замина во Белград, тој отиде таму за да преживее а инаку таму беше сметан просто за невидлив или игнориран. (Втората сопруга му беше од Истра, еден полуостров главно индиферентен кон „илјадагодишната Хрватска“).

Него некои го сметаат за хрватски писател, есеист, драматург кој објавил 80 наслови. Но тој сепак и заради местото каде боравеше бил член на Српското книжевно друштво и УНС а песните ги има во најразлични антологии.

Индикативно е дека во 1992 година тој издаде книга каде ги разнебитува сегментите од животот на Фрањо Туѓман како реакција на книгата на генералот – „Bespuća povjesne zbiljnosti”.

Еден аналитичар на Бабиќ ќе рече дека тој треба да се гледа повеќе низ тоа што беше отколку низ тоа што пишуваше, бидејќи, тој беше човек кој не сакаше да се определува во време кога сите некаде се – приклонуваа.

Или дека некои вредности не треба да е уништуваат заради историјата или заради мнозинството.

Бабиќ е погребан на 28 април на Еврејските гробишта во Белград. И тоа е знак на неговото контрирање на мнозинството и израз на неговото неприфаќање – и на последната адреса.

 


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ