Горан Таневски ќе одржи концерт на 22 ноември, во клубот Колектив, со својот проект „Мизар – Друго откровение“.
„МИЗАР – ДРУГО Откровение, е проект и концертна причина за на 22 Ноември сплотеноста да ја претвориме во музика. Ова е само почеток …“
Картите во предпродажба може да ги најдете во Колектив и Пивница Стар Град по цена од 200 денари, а на денот на самиот концерт истите ќе бидат 300 денари на врата.
Горан Таневски на публиката и е познат од култниот бенд на македонската сцена Мизар.
Мизар е македонска рок група формирана во 1981 година, во Скопје.
А. Петровска